Тинејџерка од Полска која летувала со родителите во Словенија, повикала полиција обвинувајќи ги своите родители дека биле кон неа психички насилни и ѝ го одземале мобилниот телефон.
Бидејќи ѝ бил одземен телефонот, тинејџерката ја повикала полицијата од рецепцијата на хотелот.
Таа се јавила на европскиот итен број 112. Поради сомнеж за постоење на семејно насилство, за сѐ била известена полицијата.
Полицајците од Бреж прво извршиле разговор со девојчето, а потоа и со нејзините родители. Според информациите, дошло до расправија бидејќи девојчето премногу го користи мобилниот телефон, па родителите ѝ го одзеле телефонот.
Ова толку многу ја вознемирило тинејџерката од Полска што повикала полиција.
Полициските службеници му објасниле на 14-годишното девојче дека и воспитувањето е една од улогите на родителите и дека во случај не постои кривично дело или прекршок од страна на родителите, соопштиле од Полициската управа Ново место.
Сè повеќе време поминато на мобилни телефони има штетно влијание врз развојот на децата и младите.
Тоа влијае на физичкото и емоционалното здравје, социјалната благосостојба и когнитивниот развој и може да доведе до социјална изолација и нарушување на концентрацијата и спиењето.