Доите додека спиете? На што да внимавате и кои се опасностите

Интернетот е полн со дезинформации за упатствата за безбедно спиење и со осуди на заедничкото спиење како небезбедна опција

23

„Доенечко спиење“ е термин измислен од експертот за спиење, д-р Џејмс Мекена, а подразбира доење на бебето додека и мајката и бебето спијат. Тоа е практика која во денешното општество е обвиткана со страв, вина и дезинформации.

Сепак, д-р Мекена верува дека споделувањето на креветот со бебето е природно, нормално и здраво. Тој верува дека мајките кои дојат се физиолошки прилагодени на нивните бебиња и дека мајката што дои најверојатно ќе помине поголем дел од ноќта во лесна фаза на спиење за да биде подготвена да се разбуди доколку нејзиното бебе е во опасност.

Се претпоставува дека поголемиот дел од светот практикува некаква форма на заедничко спиење (вклучувајќи споделување на креветот и делење на соба), но дека многу родители не сакаат да признаат дека спијат заедно со своите деца, најмногу поради социокултурната стигма.

Предности на кенгур-негата

Научниците штотуку почнуваат да ги откриваат многуте физички и емоционални придобивки од спиењето во непосредна близина на бебињата и секојдневно практикување на т.н. кенгур-нега.

Тие идентификуваа голем број физиолошки системи кои се регулирани кај бебињата кога нивните мајки спијат во близина, вклучувајќи:

возбудата
дишењето
телесната температура
метаболизмот
нивото на хормони
производството на ензими/антитела
имунолошкиот систем.


Совети за заедничко спиење што родителите треба да ги игнорираат

„Знаеме дека кога бебињата спијат блиску до своите мајки, тие некако се „нурнуваат“ во богато сетилно искуство. Тие минуваат низ полесни фази на спиење, почесто се будат и почесто дојат, намалувајќи го ризикот од СИДС и зголемувајќи го целокупното имунолошко здравје“, објаснува д-р Мекена.

Интернетот е полн со дезинформации за смерници за безбедно спиење, а Американското здружение на педијатри направи сѐ за да го осуди споделувањето кревет како небезбедна практика.

Од друга страна, истражувањата покажаа дека споделувањето кревет навистина може да биде безбедна и практична опција (особено за мајките кои дојат) кога се практикуваат одговорно и со правилни мерки на претпазливост.

Ако го делите креветот со вашето бебе и практикувате „доенечко спиење“, треба да ги следите овие безбедносни упатства:

Насоки за опкружувањето

рамен, цврст душек
без меки јоргани/перници кои можат да го блокираат лицето на бебето
без дупки помеѓу душекот/ѕидот
нема висечки предмети во близина
никогаш не спијте на кауч, на воден кревет или во фотелја
без домашни миленичиња во креветот

Родители/бебе

Бебето треба да биде здраво и родено во полн термин
Мајката треба исклучиво да дои доколку бебето е под шест месеци
Двајцата родители мора да бидат трезни и не смеат да бидат под дејство на пушење/дрога/алкохол/лекови
Ниту еден од родителите не би требало да бидат дебели
Бебето не би требало да биде повиено
Бебето треба да спие на грб (или малку на страна, со лицето свртено кон градите)

Безбедност на спиењето на бебето – на што треба да обрнете внимание

Споделувањето на креветот и доењето не само што обезбедуваат физички здравствени придобивки за мајката и бебето, туку и емоционални и психолошки придобивки.

Постојаниот допир и контакт кожа на кожа во првите месеци го зголемува окситоцинот кај бебињата, хормонот на љубовта и приврзаноста, а во исто време го намалува нивото на стрес и кај мајките и кај бебињата.

Кога мајките се блиску до бебињата ноќе, бебињата учат дека светот е безбедно и сигурно место и дека нивните потреби се валидни и важни.

„Доенечкото спиење“ обезбедува ефикасна и удобна ситуација за мајките кои дојат, промовирајќи поврзување и сигурна емоционална поврзаност, па затоа е многу важно да се предизвика културна пристрасност и да се информираат родителите за вистинските ризици и придобивки од секоја ситуација, за да можат да ја донесат најдобрата одлука за своето семејство.

Повеќе