Едно запче, две, три, не е важно, мора да се мијат: Како миењето заби да стане забавна активност за најмалите?

Иако според препораките на стоматолозите и педијатрите, треба да им се мијат забите на децата дури и ако е тоа само едно, две или три запчиња, кога ќе се појават повеќе заби и кога бебињата ќе почнат да јадат цврста храна, миењето заби станува активност што не треба да се прескокнува.

99


Препораката на стоматолозите и педијатрите е да ги миете забите на детето штом ќе почнат да растат. Дури и еден млечен заб може да се мие додека не излезат другите. На почетокот, кратко миење е доволно бидејќи бебињата на кои им никнале заби честопати сè уште не јадат цврста храна.
Меѓутоа, кога ќе се појават повеќе заби и бебињата ќе почнат да јадат цврста храна, што не е млечна, миењето заби станува активност што не треба да се прескокнува. Сепак, како што децата растат, оваа активност е често една од најомразените.
Како и со сè друго – миењето заби е нешто што на крајот ќе стане навика што децата ќе ја стекнат, а дотогаш, можете да направите многу за оваа активност да не биде толку „страшна“:

Миење заби како забавен ритуал – обидете се секогаш да ги миете забите на вашето дете во исто/слично време и во исти/слични услови. На овој начин, миењето заби ќе стане рутина побрзо, што ќе го направи детето помалку склоно кон жалби и ќе му биде полесно да се навикне тоа да биде задолжителен дел од неговите секојдневни активности.

Дополнително – обидете се да го направите миењето на забите забавно – навечер можете да раскажувате за сè што сте направиле во текот на денот или секогаш кога ги миете забите, да ја пуштите вашата омилена музика.

„Кобајаги“ миење на забите – покрај забите на детето, мијте ги забите на сите омилени играчки со кои си игра детето. На овој начин ќе покажете дека сите си ги мијат забите и дека едноставно мораат да го прават тоа. Кога зајакот, мечката, кучето, мачката и другите си ги мијат забите – ред е на детето, а можеби и уште една рунда миење на сите присутни.

Награда за издржливост – миењето на забите мора да се прави секој ден, а ако не прескокнете ниту еден ден – тоа е причина за награда! Нека ова биде една од мотивациите на детето за миење на забите секој ден. Договорете се за колку дена следува награда и каква би можела да биде. На пример – ако ги мијат забите секој ден една недела, ќе добијат нови магични маркери, следната недела – пластелин, боенка, играчка автомобил. Важно е двете страни да ја исполнат својата задача и ветување.

Користете блага паста за заби и соодветна четка за заби – најдобро е да користите блага и неутрална паста за заби и четка за заби со соодветна тврдост, така што нема да ја оштети глеѓта и непцата на детето, туку добро ќе си ја врши работата и правилно ќе ги чисти забите. Покрај тоа, важно е за децата четката за заби да биде убава – затоа изберете една во нивната омилена боја, со нивните омилени ликови, во форма на жирафа, пингвин, слон итн.

Поставете временско ограничување и мерете ја секоја секунда – правилното миење на забите бара најмалку две минути миење – кога вашето дете веќе има повеќе заби. За да истраете и да издржите две минути – поставете часовник пред вас и одбројувајте ги секундите. На овој начин, ќе го пренасочите вниманието на вашето дете од миењето на забите кон времето што поминува и ќе има поголема шанса миењето да помине непречено.

Дозволете им сами да си ги мијат забите – кога вие ќе им ги миете забите, дозволете им да пробаат и самите. Со текот на времето, тие ќе научат како да го прават тоа и дефинитивно ќе ги мијат забите сами, па затоа е важно од време на време да вежбаат. Покрај тоа, децата сакаат да „бидат големи“, па на овој начин им овозможувате да го прават тоа, што ќе го направи миењето на забите попосакувана активност.

    Повеќе