Ехолалијата е еден од знаците на аутизмот! До тригодишна возраст повторувањето зборови и фрази е нормално, потоа – сигнал за тревога

Овој феномен обично спонтано исчезнува до третата година од животот. Сепак, треба да се обрне внимание бидејќи понекогаш може да укаже на доцнење во развојот или присуство на друга основна состојба.

131

Ехолалија (ехофразија) е повторување на зборови или фрази изговорени од некој друг. Децата најчесто користат ехолалија кога учат како да комуницираат со други луѓе, но и во игра, имитирајќи ги звуците околу себе.

Овој феномен обично спонтано исчезнува до третата година од животот. Сепак, треба да се обрне внимание бидејќи понекогаш може да укаже на доцнење во развојот или присуство на друга основна состојба.

Доколку ехолалијата не исчезне, продолжи подоцна или се појави во зрелоста, тоа секако е сигнал за тревога и проверка на невролошкото здравје и општата состојба.

Инаку, ехолалијата е чест придружник на нарушувања од спектарот на аутизмот, како и на Туретов синдром.

Кога детето прозборува, тоа често повторува зборови без прашање или претходна интеракција. Понекогаш, сепак, може да повторува зборови од прашањата што му се поставуваат, па не дава конкретен одговор (да или не) на јасно прашање.

На пример, ако му се понуди играчка и ако го прашаме дали ја сака, детето одговара со повторување „играчка, играчка“, наместо да даде потврден или негативен одговор.

Во овој случај станува збор за непосредна ехолалија, а има повеќе видови. Тоа не е секогаш нарушување, бидејќи репетитивното повторување е нормален развоен процес.

Како се дефинира ехолалијата и зошто се јавува?

Ехолалија во буквална смисла е повторување на зборовите или фразите изговорени од друго лице. Појавата е неволна, што значи дека не е производ на свесно дејствување и е автоматска. Медицината сè уште не знае точно зошто се јавува ехолалија, но познато е дека некои други медицински состојби можат да ја предизвикаат.

Ако се појави или продолжи после тригодишна возраст, тоа може да биде знак на некоја основна медицинска состојба. Најчесто станува збор за нарушување од спектарот на аутизам, а статистиката вели дека до 75 проценти од луѓето со аутистичен спектар покажуваат ехолалија.

Други состојби и болести кои предизвикуваат ехолалија вклучуваат:

АДХД
афазија
деменција
повреди на главата
доцнење во развојот и развојни нарушувања
енцефалитис
Туретов синдром
шизофренија
мозочен удар
интензивен стрес
тешка анксиозност.

Можни причини
Научниците се на мислење дека ехолалија може да настане поради одредена дисфункција на фронталниот лобус на мозокот, поврзана со дисрегулација на допаминот, бидејќи премногу или премалку допамин може да влијае на комуникацијата.

Исто така, можно е кај луѓето кои манифестираат ехолалија, некои од невроните да не функционираат правилно.

Друга причина може да биде проблем со стимулот, бидејќи постои неусогласеност помеѓу она што лицето го учи и асимилира и како телото реагира на тоа.

Како се лекува ехолалија?
Третманот на ехолалија зависи првенствено од причината, а целите се фокусираат на идентификување на причините за повторување на зборовите, разбирање на значењето на повторувањето и поддршка на развојот на јасна комуникација.

Методите на лекување вклучуваат говорна терапија, музика и когнитивно-бихејвиорална терапија, а во некои случаи и лекови или фармакотерапија.

Честопати, комуникацијата со деца или луѓе кои манифестираат ехолалија е тешка и предизвикувачка, бара трпение и едукација.

За да ги разбереме, мора да го следиме нивното однесување како и нивниот говор на телото, да внимаваме на тонот на зборовите што ги повторуваат. Тие не треба да се прекинуваат. Кога ќе разбереме што сакаат да ни кажат, треба да одговориме трпеливо, афирмативно и позитивно, без потсмев и девалвирање.

Последици од нетретирана ехолалија

Ако ехолалијата кај детето не исчезне до тригодишна возраст или ако возрасен одеднаш почне да покажува симптоми, треба да се јавите кај вашиот лекар. Доколку има потешкотии во комуникацијата, може да има компликации или нови несакани состојби како што се:

бес, лутина, фрустрација
хроничен стрес
проблеми со учењето
социјална изолација
тешкотии во воспоставувањето односи
анксиозност и депресија.

Повеќе