Храната со вештачки бои се поврзува со хиперактивност и развојни проблеми кај децата

Омилените слатки како бонбони „Харибо“ и лижавчиња „Чупа чупс“ често содржат вештачки бои кои се поврзуваат со хиперактивност, проблеми со вниманието и други невролошки нарушувања кај децата.

30

Иако во Европската Унија се веќе забранети голем број контроверзни адитиви, многу производи со вештачки бои сѐ уште можат да се најдат на полиците, особено оние увезени од САД или други земји.

Многу истражувања ги поврзуваат боите Црвена 40, Жолта 5 и Сина 1 со хиперактивност, нарушување на вниманието, а при поголеми дози дури и со оштетување на имунитетот и развојни проблеми кај децата.

Што се менува во САД, а што е веќе забрането во ЕУ?

Во Америка е најавена постепена забрана на синтетички бои добиени од нафта, нешто што ЕУ веќе го применува. На пример, титаниум диоксидот е веќе забранет во ЕУ, додека во САД сè уште се користи. Поради тоа, истата марка бонбони во ЕУ има поинаков, побезбеден состав.

Омилените слатки како бонбони „Харибо“ и лижавчиња „Чупа чупс“ често содржат вештачки бои кои се поврзуваат со хиперактивност, проблеми со вниманието и други невролошки нарушувања кај децата.

Што значи ова за родителите во Европа?

Сè уште треба да се внимава затоа што некои производи се увезуваат од пазари со послаби регулативи.

Како да препознаете побезбедна храна за децата?

  • Читајте ги ознаките: избегнувајте E102, E110, E129, E133;
  • Избирајте производи со природни бои (цвекло, спирулина, куркума, екстракт од боровинка…)
  • Секогаш кога сте во можност, приготвувајте оброци дома;
  • Користете апликации како „Yuka“ или „Open Food Fact“s кои помагаат при изборот.

Апликациите како сојузник на родителите
Алатките како Yuka овозможуваат брзо скенирање на производи и откривање на адитиви, со јасни оценки и препораки за поздрави алтернативи.

Рамнотежата е клучот

Експертите се согласуваат: повремена консумација слатки е во ред. Важно е кај децата да се развива здрав однос кон храната без строги забрани, но со едукација и добар пример.

Повеќе