Како можеме да придонесеме за подобро општество? Дојдете на 4-тиот Инфјужн фестивал на инклузија
Инфјужн Фестивалот оваа година носи моќна порака. Со многу новини, толкување на концерти на знаковен јазик, обезбедување на пристапност на сите 50 настани, Инфјужн фестивалот е повеќе од обичен фестивал – тоа е фестивал каде сите се добредојдени и кадешто шириме љубов, менуваме, создаваме и инспирираме!
Инклузијата значи создавање простор во кој секој човек се чувствува добредојден, почитуван и еднаков, без оглед на разликите како што се пол, раса, етничка припадност, попреченост, сексуална ориентација, возраст, религија или други карактеристики.
Инклузивно општество е она што ги препознава и почитува овие разлики и активно работи на намалување на бариерите што можат да го спречат целосното учество на сите членови.
Ако требаше да ја разложиме инклузијата на неколку делови, во неговата суштина би била емпатијата – способноста да се ставиме во чевлите на другите, да ги разбереме нивните потреби и предизвици. Емпатијата не подразбира сожалување, исто како што ни инклузијата не бара големи промени.
Тогаш, како можеме вие и јас, со нашите искуства, ентузијазам и свежи идеи, да придонесеме за подобро општество?
За почеток – да почнеме од себе
За да создадеме инклузивно општество, прво треба да бидеме искрени со себе и да се запрашаме какви предрасуди носиме. Иако сите сакаме да мислиме за себе како за отворени и толерантни луѓе, факт е дека сите носиме одредени предрасуди што можат да влијаат на нашето однесување кон другите. Овие предрасуди можат да се засноваат на културни стереотипи, медиумски прикази или искуства од нашата околина.
На пример, можеби несвесно ги перцепираме луѓето со попреченост како помалку способни или избегнуваме разговори со луѓе од други социоекономски средини затоа што не знаеме како да започнеме разговор. Првиот чекор кон инклузија е да се соочиме со себе, да ги поставиме вистинските прашања и да станеме свесни за постоењето и влијанието на предрасудите врз нас.
Започнува четвртото издание на Инфјужн – Фестивалот на инклузија
Денес (11 јуни) започнува четвртото издание на Инфјужн – Фестивалот на инклузија кој ќе се одвива на 5 локации и во текот на 5 дена ќе има 30 настани.
Фестивалот од оваа година се дели на 5 категории распоредени во 5 тематски денови, како Перформанси и Театар (PERFORM), Уметност (АRТ), Музика (MUSIC), Спорт (SPORT) и Гејминг (GAMING).
Од денес, па до 15 јуни, Скопје ќе живее низ 50 различни доживувања на 5 различни локации.
„Ќе бидеме дел од нешто поголемо од се досега видено. Нешто што се чувствува со сите сетила“,
велат од тимот на Икуалити кој е организатор на фестивалот.
Убавите сенки во паркот Македонија, Музејот на современата уметност, Театар Комедија, Домот на култура „Билјана Беличанец“ и кафулето Амигос ќе станат жива сцена на пет теми – Перформанс,
Уметност, Музика, Спорт и Гејминг – распослани во пет инспиративни денови.
По вечерашното отворање со танцовиот перформанс SKIN во Театар Комедија кое ќе приушти едно ново и поинакво искуство кое Македонија ќе го доживее за првпат, австралиско – германското дуо, утре ќе одржи и работилница „Танцување без умереност“ насочена кон нови адаптивни техники во движењето и танцот.
Во наредните денови, Здружението Икуалити подготвува бројни фестивалски содржини, креативни
интегративни работилници, поетско читање и тивки дружби во кафуле кои ќе не поттикнат да
комуницираме, а сепак да не зборуваме.
Новините во културната сцена се и водени посети и знаковно толкување на изложбени поставки во музеј, како и интерактивни претстави на знаковен јазик и играни од интегративни групи на лица со и без попреченост.
Во рамки на фестивалот ќе се одржат и форумски дискусии за важни општествени теми за квалитетен живот и инклузивност со родители, лица со попреченост и стручни лица во областа на инклузијата.
На 12 јуни во Домот на култура „Билјана Беличанец“ ќе бидат доделени и наградите за оние со
најголеми заслуги за заедницата на лица со попреченост – Шампиони на инклузија во 6 категории:
лице со попреченост, организација, јавна личност, општествено одговорна компанија, амбасада и
општина.
Вечерта ќе биде заокружена и со премиера на трејлер за анимираниот серијал „Диносаурусчето УРУ“, инспиративна приказна за храброста, неприфаќањето и различностите која ќе допре до сите преку малите екрани, во претстојната телевизиска сезона.
Убавиот парк во последните два фестивалски денови ќе биде преобразен во гејминг-арена и место за искусување на виртуелна реалност, ќе се игра Dungeons & Dragons или ќе се креира сопствена игра, ќе се учествува во минитурнир на плејстејшн.
Паркот Македонија ќе се претвори во галерија од цртежи на учениците од основните училишта од
Општина Кисела Вода и Аеродром како дел од изложбата „Ги сакам сите животни“ и уметнички дела на млади уметници преку изложбата под името „Фузија“.
На 14 јуни, Инфјужн фестивалот ќе ја слави македонската музика со целовечерни концерти на млади артисти: Колектив Ветерница, Миа Перевска, Tsar Von Time, Дактили, Занаду, Fiction, Филип Николоски и Breakdown Band.
Под мотото „Биди херој на херојот!“ во рамки на фестивалските денови и преку официјалниот сајт
equality.agency, посетителите ќе можат да донираат за малиот Ѓорѓи од Струмица, 9 годишно момче
со широкa насмевка со детска церебрална парализа, кому му е потребна рехабилитација и
операција.
Инфјужн Фестивалот оваа година носи моќна порака. Со многу новини, толкување на концерти на
знаковен јазик, обезбедување на пристапност на сите 50 настани, Инфјужн фестивалот е повеќе од
обичен фестивал – тоа е фестивал каде сите се добредојдени и каде шириме љубов, менуваме,
создаваме и инспирираме!