Како родителството ми стана полесно?

Како родителството ми стана полесно и поубаво затоа што сфатив дека – не морам да ја бијам секоја битка

1.177

Како и повеќето родители, имав идеја во мојата глава за тоа како ќе ги воспитам моите деца уште пред да ја видам таа точка на ултразвукот. Знаев што не сакам и што сакам. Она што не го знаев во тоа време беше дека всушност немав поим.

Во теорија, сè е едноставно. Во пракса, ништо не е. Моите деца никогаш нема да прават вака или онака, ќе јадат само здрава храна, ќе ги научам да претпочитаат загатки и книги наместо цртани, ќе знаат да ги персираат постарите уште на три години, а на четири ќе гледаат во часовник, ќе си врзуваат врвки, ќе возат ролери и велосипед и секој ден ќе поминуваме надвор најмалку три часа.

Некои од сите тие работи се остварија, некои не. Па, повеќето не, но не затоа што тоа беше невозможно, туку затоа што открив голема тајна за успешно родителство. Тоа е нешто што ми го направи животот поубав и поедноставен за мене и за моите деца, без да изгубам ништо.

Исто така, тоа е трик кој решив да го применам и во односите со возрасните. Тој е многу едноставен и ефикасен и заштедува еден тон нерви и вам и на луѓето околу вас.

Знам дека веќе звучам како реклама на TТоп Шоп, но тука доаѓаме до поентата. Накусо, филозофијата е во тоа да ги изберете ги вашите битки. Не звучи како голема мудрост. Можеби затоа што и не е, едноставно не размислуваме за тоа, па често забораваме колку е навистина важно да се изберат битките во животот, особено кога се во прашање децата.

Тоа го сфатив пред три години кога мојата тогаш тригодишна ќерка реши да излезе надвор во јуни, на 27 степени, со волнена капа на главата.

„Ања, надвор е 27 степени. Топло е и не ти треба капа. Оди, врати ја во фиоката“.

“Но јас сакам…”

И сега замислете овој дијалог да се повтори едно 20 пати. По многу потрошена енергија успеав да ја убедам дека не ѝ треба капа и излеговме надвор. Таа тажна и со спуштен нос, а јас со истрошени нерви и без енергија за игра или разговор до игралиштето. Но, важно е дека капчето остана во фиоката, нели?

Па, не баш.

Тоа го сфатив на пат кон паркот, но веќе беше доцна. Што згрешив? Ѝ покажав дека не верувам дека може да си ги процени сопствените потреби, дури и основните (дали нешто ѝ е удобно или не); Ја убедив дека нема право сама да одлучува; Потрошив многу енергија и нерви; и двете незадоволни го напуштивме станот.

Изберете ги вашите битки со децата. Пред да кажете „Не“, застанете за секунда и размислете – дали мора да биде „Не“ и зошто. Ако треба, објаснете и држете се до тоа. Ако не мора, тогаш откажете се од таа битка.

Што би се случило ако излезе со капа? Можеби би ја носела цело време и би ѝ било жешко. Можеби после 20 метри ќе ми го дадеше и ќе речеше дека не сака повеќе. Можеби воопшто не би ѝ пречело. Што и да се случеше ќе беше подобро од она што го направив.

Сега навистина ги избирам битките. Пред неколку дена ги посетивме баба и дедо. Ања се сети дека го заборавила ранецот во автомобилот и побара да излезе да го земе. А надвор – поплава. Застанав за секунда и помислив – дали имам вистинска причина да ѝ бранам? Со чадор, полека, ништо нема да се случи. И без чадор, па нека се намокри малку. Секако, сите по ред скокнаа по мене – не ја пуштај, види како врне! Па што? Како па што? До колата има 10 метри, нека се намокри малку, вие никогаш не сте накиснале?

Тишина.

Отиде да си го земе ранецот, се врати со неколку големи капки на кошулата и тоа беше тоа.

Сакаш да носиш тротинет иако постојано ќе одиме по угорница? Нема проблем, но да знаеше дека ќе ти биде тешко, ти одлучи.

Сакаш да ја однесеш твојата омилена нова играчка во градинка? Можеш, но ако ја изгубиш или се скрши, треба да знаеш дека нема да купиме нова. Ти одлучи.

Сакаш ракавици на 30 степени? Па, што ме засега мене тоа?

Се разбира, има работи на кои ќе кажете не, тие битки што треба да ги водите. Нема да добијат 100 грама чоколадо и неограничени цртани филмови. Нема да одат во парк со нови чевли кога знам дека таму е калливо. Нема да може да јаде пред телевизор затоа што се јаде на маса, со добра причина.

Ако ги изберете битките што ги водите и ги прескокнете неважните, ќе ви останат многу повеќе нерви и енергија за навистина важните.

Текстот е од ТУКА.

Повеќе