Кога започнува староста? Индивидуалните перцепции за возраста се менуваат како што луѓето стареат

Често се вели дека возраста е само бројка, а стареењето е состојба на умот, а според неодамнешните истражувања, тоа може да биде вистина. Американското психолошко здружение откри дека луѓето на средна возраст и постарите луѓе денес веруваат дека стареењето започнува подоцна отколку што веруваа нивните врсници пред неколку децении.

206

Истражувачите анализирале податоци од 14.056 учесници во германска анкета за стареењето и се покажало дека испитаниците кои се родени подоцна, означиле и подоцен почеток на староста во споредба со оние родени во првите децении на 20 век.

Истражувањето кое го спровеле Маркус Ветштајн и неговиот тим од Универзитетот Хумболт во Берлин е објавена во списанието „Psychology and Aging“ и вклучувала луѓе родени помеѓу 1911 и 1974 година, а учесниците одговарале на анкетата осум пати по 25-годишна возраст, кога имале помеѓу 40 и 100 години.

Кога учесниците родени во 1911 година имале 65 години, тие рекле дека староста започнува на 71 година. Учесниците родени во 1956 година, кога имале 65 години, рекле дека староста започнува на 74 години.

Истражувачите, исто така, забележале дека индивидуалните перцепции за возраста се менуваат како што луѓето стареат, а како што учесниците старееле, нивната идеја за возраста станувала сè попотисната. На пример, просечниот 64-годишник верувал дека староста започнува на 74 години, но кога ќе наполнел 74 години, тврдел дека староста започнува на 76 години. Во просек, перцепираниот почеток на староста се зголемувал за околу една година за секои четири до пет години вистинско стареење.

Истражувачите, исто така, откриле дека жените ја доживуваат староста две години подоцна од мажите и дека разликата се зголемува со текот на времето. Тие, исто така, откриле дека луѓето кои изјавиле дека се поосамени и со полошо здравје сметаат дека староста, во просек, започнува порано од оние кои се поздрави и помалку осамени.

Очекуваниот животен век е зголемен, што веројатно придонесува за перцепцијата дека стареењето започнува подоцна. Исто така, некои аспекти на здравјето се подобриле со текот на времето, така што луѓето на одредена возраст кои во минатото се сметале за стари повеќе не се сметаат за стари. Можеби почетокот на староста е одложен и во човечкиот ум затоа што луѓето ја гледаат староста како непожелна состојба, вели авторот на студијата Маркус Ветштајн.

Повеќе