Често го слушаме прашањето упатено до децата „кого повеќе сакаш, мама или тато“, но никој не ги прашува родителите со две или повеќе деца на кое дете му се повеќе наклонети.
Интересни ставови во една прилика искажал и почитуваниот српски академик и невропсихијатар Владета Јеротиќ.
Според него, кога ќе се роди дете, тоа личи на некого, на таткото или на мајката. И тоа ним им е значајно. И тогаш родителот, иако не сака да е така, повеќе го сака тоа дете кое физички повеќе личи на него, отколку другите свои деца. Па уште ако имаат и заеднички психолошки карактеристики, уште повеќе, пишува „Зелена училница“.
Претходно како психијатар знаев да ги прашам родителите со две-три деца: „Кое дете најмногу го сакате?“. Речиси сите велеа – подеднакво. И мајката и таткото се колнат во тоа, но секако дека не е вистина. Такво нешто не постои – веруваше Јеротиќ.
Секогаш едното малку повеќе. Ако се две деца, тогаш е добро мајката да го сака едното, а таткото другото. Затоа што ако и двајцата претпочитаат едно, другото ќе го почувствува тоа.
Децата кои се раѓаат здрави се толку интуитивни суштества и забележуваат сѐ што се случува со нивната мајка и татко. Сето тоа е невербално.
Еве, да ја земеме сега мајката. Таа, пред сѐ, го сака детето затоа што има нејзини карактеристики. Но, второ, таа го сака затоа што го сака сопругот со кој доброволно го родила тоа дете. Но, третото, највозвишеното, е кога мајката го сака своето дете како посебно, ново и мистериозно суштество, без оглед на препознатливите добри и лоши особини, од неа и од нејзиниот сопруг кај детето.
Ги има, секако, оние деца кои не личат ниту на татко им, ниту на својата мајка. Ментално пред сѐ. Секако, постои и генетика, па понекогаш родителите се способни да се сетат на некои особини на своите роднини или предци, па ги препознаваат кај детето. Но, понекогаш тоа не е случај. Да речеме, детето се раѓа совршено музикално, а никој во семејството, близок или далечен, колку што се сеќаваат родителите, не бил музикален. Се разбира, ова е поредок случај.
Порано веруваа дека детето се раѓа како празен лист, несвесно суштество. Тоа беше ставот на бихејвиористите, дека на детето му се пренесуваат само физички особини, но денес знаеме дека тоа не е вистина. На пример, темпераментот е вроден, како и многу други работи. Генетиката е исклучително важна, а потоа и она што се случува пренатално и постнатално.
Во секој од нас, би рекле Азијците, се кријат сто реинкарнации. Во некои чукун внук се реинкарнирал некојси чукун дедо, на некој начин. Тоа е генетика.
Како млади психијатри, не учеа дека склоноста кон алкохолизам и самоубиство не е наследна, туку дека се учи од модел. Денес, од друга страна, генетиката вели дека постои одредена предиспозиција за алкохолизам, самоубиство, зависност од дрога, а уште полошо – за убиство.
За мене, ужасна е идејата дека има некоја грешка во генот што предизвикува човек да стане убиец, но фактот дека некој извршил убиство, поминува 15 години во затвор, излегува, а потоа повторно извршува убиство по неколку месеци. Истото е и со интимниот деликт. Тоа прашање се поставува уште од времето на Фројд, зошто е тоа така.
Сега родителите малку се ослободија од притисокот во таа смисла. Дури и кога бев млад психијатар, нè учеа дека генетиката има мало влијание и дека за сè што не е во ред со децата, дури и кога ќе пораснат, се виновни кутрите родители. Ова е во голема мера точно, но не целосно.
И не смеам секогаш да го кажувам тоа бидејќи младите кои допрва треба да раѓаат ме слушаат, па да не се исплашат.