Која храна може да им помогне на жените да го одржат здравјето во подоцнежните години

Научниците докажаа дека жените кои консумираат повеќе протеини, особено протеини од растителни извори, развиваат помалку хронични болести

299

Научниците од Jean Mayer USDA Human Nutrition Research Center on Aging проучувале како изборот на намирници и храната влијаат на здравјето на жените како што стареат. Според студијата, храната богата со растителни протеини може да им помогне на жените да останат здрави додека стареат. Имено, жените кои консумираат поголеми количества протеини, особено оние од растителни извори, развиваат помалку хронични болести и имаат поголема веројатност да бидат генерално поздрави како што стареат, а овие резултати од студијата беа објавени на 17 јануари во The American Journal of Clinical Nutrition.

Храната со растителни протеини обезбедува добро здравје во староста

Анализирајќи ги податоците од повеќе од 48.000 жени, истражувачите забележале значително помалку срцеви заболувања, рак и дијабетес, како и пад на когнитивното и менталното здравје, кај оние кои консумирале повеќе протеини во нивната исхрана од извори како што се овошје, зеленчук, леб, грав, мешунки и тестенини, во споредба со оние кои јаделе помалку.

„Консумацијата на протеини во средната возраст е поврзана со промовирање на добро здравје во повозрасниот период од животот. Откривме и дека изворот на протеини е важен. Добивањето најголем дел од протеините од растителни извори во средните години, плус мала количина животински протеини, придонесува за добро здравје и добро преживување во позрелиот период“, објаснил научникот и главен автор на студијата Андрес Ардисон Корат од Jean Mayer USDA Human Nutrition Research Center on Aging.

Наодите доаѓаат од значајната студија за здравјето на медицинските сестри од Харвард, која следела женски здравствени работници од 1984 до 2016 година. Жените биле на возраст меѓу 38 и 59 години во 1984 година и биле во добра физичка состојба и ментално здравје на почетокот на студијата.

Повеќе месо во исхраната доведува до повеќе болести

Истражувачкиот тим испитувал илјадници истражувања собрани на секои четири години, во периодот од 1984 до 2016 година, за тоа колку често луѓето јадат одредена храна за да ги утврдат количините на протеини во исхраната и нивните ефекти врз здравјето. Тие го пресметале внесот на протеини со множење на бројот на пати кога секоја прехранбена ставка била потрошена со неговата содржина на протеини, а потоа ја користеле базата на податоци за составот на храната на Универзитетот Харвард и ја собирале количината на протеини во сите намирници.

Научниците потоа ја споредиле исхраната на жените кои останале здрави и не развиле ниту една од 11-те хронични болести ниту пак изгубиле многу физичка функција или ментално здравје, со исхраната на оние кои развиле.

Жените кои јаделе повеќе растителни протеини – дефинирани во 1984 година како протеини од леб, зеленчук, овошје, пици, житарки, печива, пире од компири, јаткасти плодови, грав, путер од кикиритки и тестенини – имале 46 проценти поголеми шанси да бидат здрави во нивните подоцнежни години. Оние кои консумирале повеќе животински протеини како говедско месо, пилешко, млеко, риба/морска храна и сирење, имале 6 отсто помали шанси да останат здрави додека стареат.

„Жените кои конзумирале поголеми количества животински протеини имале повеќе хронични заболувања и не успеале да добијат подобрена физичка функција која обично ја поврзуваме со конзумирање на протеини“, истакнал научникот и водач на студијата Андрес Ардисон Корат, кој наведува дека животинските протеини можат да предизвикаат некои физички ограничувања во постара возраст, додека растителните протеини биле поблиску поврзани со здравото ментално здравје подоцна во животот.

Женската храна најмногу треба да содржи растителни протеини

За жените со срцеви заболувања, важно е поголемата потрошувачка на растителни протеини да не го зголеми лошиот ЛДЛ холестерол, крвниот притисок и чувствителноста на инсулин, додека повисокиот внес на животински протеини носи ризик од зголемување на ЛДЛ холестеролот, заедно со зголемен фактор на раст сличен на инсулинот, кој е откриен кај неколку видови на рак.

Придобивките од растителните протеини може да потекнуваат од компонентите во храната од растителна основа, а не од самиот протеин – во споредба со храната од животинско потекло, растенијата содржат поголем дел од диетални влакна, микронутриенти и корисни соединенија наречени полифеноли, кои се присутни во нив.
Досегашните наоди ја поддржуваат препораката дека жените го добиваат најголемиот дел од нивните протеини во форма на овошје, зеленчук, јаткасти плодови и семки, иако би требало да консумираат и малку рибји и животински протеини поради содржината на железо и витамин Б12.

Повеќе