Лекарите откриваат дека еден додаток може да ги ублажи симптомите на аутизам кај децата

Резултатите покажале дека употребата на CBD довело до умерени подобрувања во социјалната интеракција и намалување на нарушувачките однесувања и анксиозноста. Исто така, биле забележани мали подобрувања во квалитетот на сонот.

80

Неодамнешното истражување на Универзитетот во Сао Паоло сугерира дека канабидиолот (CBD), непсихоактивно соединение од растението канабис, може да го подобри однесувањето и да ги ублажи симптомите кај децата и адолесцентите со нарушување од спектарот на аутизам (ASD). Студијата била претставена на Европскиот конгрес за психијатрија што се одржа во Мадрид од 5 до 8 април 2025 година.

Аутизмот е развојно нарушување што ја отежнува комуникацијата и социјалните интеракции и често вклучува повторувачки модели на однесување. Според Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), приближно едно од 36 деца во Соединетите Држави е дијагностицирано со ASD, што укажува на значително зголемување во последните децении.

Истражувачите спровеле мета-анализа на три клинички испитувања во кои биле вклучени 276 учесници на возраст од 5 до 21 година, со просечна возраст од 10,5 години. Повеќето од учесниците биле од машки пол. За време на студијата, учесниците добивале орални дози на екстракт од CBD, почнувајќи од 1 мг на килограм телесна тежина на ден, со постепено зголемување до 10 мг/кг.

Резултатите покажале дека употребата на CBD довело до умерени подобрувања во социјалната интеракција и намалување на нарушувачките однесувања и анксиозноста. Исто така, биле забележани мали подобрувања во квалитетот на сонот. Важно е да се забележи дека немало значајни разлики во несаканите ефекти помеѓу групите кои примале CBD и оние кои примале плацебо.

Потребна е претпазливост.
Водачот на истражувањето, д-р Лара Капелети Бенети Бранко, изјавила: „Глобалната инциденца на дијагнозата на ASD кај децата и адолесцентите се зголемува, но многу терапевтски пристапи не се ефикасни. Ветувачки е да се види ефектот на CBD екстрактот од канабис врз учесниците во студијата.

Претседателот на Европската психијатриска асоцијација, професор Герт Дом, додал: „ASD може да биде крајно фрустрирачки за сите инволвирани; родителите на деца и адолесценти со ова нарушување, лекарите и, се разбира, самите деца и адолесценти“.

Иако овие наоди се надежни, експертите ја нагласуваат потребата од претпазливост. Потребни се дополнителни опсежни истражувања за целосно разбирање на ефективноста и безбедноста на CBD во лекувањето на нарушувања од спектарот на аутизам, пишува Daily Mail.

Повеќе