Киропрактичарката д-р Џенифер Русо, која е специјализирана за работа со новороденчиња, на Тик-Ток покажала како родителите можат да го смират нервозното бебе на најбрз и најлесен начин.
Русо ја демонстрирала техниката наречена Гупи на мало бебе и покажала како родителите мора да го држат бебето и какви движења треба да прават за да го смират. Кога родителите го креваат бебето, важно е да ги поддржат главата, вратот и ‘рбетот.
Нозете на бебето треба да се притиснат на градите на родителот, а потоа нежно да се придвижува бебето поблиску и подалеку од градите. Додека ги правите овие движења со вашето бебе, можете да потпевнувате звуци кои ќе му помогнат да се опушти уште повеќе. Во примерот што го покажува Русо на видеото, бебето многу брзо престанува да плаче и целосно се смирува.
Вреди да се проба!