Не ги потсетувајте децата да кажат „те молам“ и „благодарам“

Сите сакаме да воспитаме пристојни деца, но не е секое дете исто, па не почнуваат сите да ги применуваат овие правила на добро однесување во исто време. Затоа секогаш имаме потреба да ги потсетуваме. Но, педагогот Бек Гудман вели дека тоа можеби не е најефективниот метод.

20

Се ближи празничниот период, времето кога можеби најмногу време поминуваме во дружење со семејството и во поголеми групи блиски луѓе. Често им кажуваме на децата дека мора да бидат учтиви и да кажат „те молам, благодарам“ и слично, но овoj педагог вели поинаку.

Секогаш кога сме во близина на други возрасни, ни станува особено важно како се однесува нашето дете и бараме (или очекуваме) да се однесува учтиво и учтиво да комуницира со сите. Кога некој далечен роднина со кој се гледаат неколку пати во годината ќе ги поздрави и ќе ги пофали, да му кажат „благодарам“. Да кажат „те молам“ пред да побараат нешто.

Сигурно ќе имате мал „состанок“ со децата пред празничното дружење и ќе ги потсетите дека мора да кажат ве молам и благодарам. Потоа, на пат кон семејниот собир, повторно ќе разговарате за тоа. А кога тие нема да кажат „благодарам“, ќе кажете нешто од типот на „Што се вели?

Сите сакаме да воспитаме пристојни деца, но не е секое дете исто, па не почнуваат сите да ги применуваат овие правила на добро однесување во исто време. Затоа секогаш имаме потреба да ги потсетуваме. Но, педагогот Бек Гудман вели дека тоа можеби не е најефективниот метод.

„Ако планирате средба со семејство кое има големи очекувања, престанете да ги потсетувате вашите деца да велат „те молам“ и „благодарам“, вели Гудман во видеото објавено на нејзиниот Инстаграм, @growwithbeck.

„Добрите манири ми се многу важни, па навистина сакам да кажат „те молам“ и „благодарам“, но не сакам ние да ги потсетуваме да го прават тоа“, објаснува таа.

Еве како го објаснува таа ова.

„Кога тоа природно ќе го кажат, сами од себе покажете им дека е тоа голема работа, прославете го. „Тоа беше одлично. Ти благодарам што се заблагодари. Тоа направи да се чувствувам навистина ценета. Ти благодарам многу за тоа“, објаснува Гудман.

Ова е современиот пристап во воспитувњето, според кој на детето не треба да му се наметнуваат одредени работи, колку и да се важни. Но, од друга страна, знаеме дека реално, таквиот пристап честопати подобро „функционира“, бидејќи децата секогаш сакаат да го заобиколат она што конкретно им кажуваме да го прават… А факт е дека тие многу подобро реагираат на пофалби отколку на казна.

Тука е истото, принципот е ист – треба да се пофалат кога тоа го прават сами, а не постојано да се потсетуваат на тоа и да се караат кога не го прават тоа.

Погледнете ја оваа објава на Инстаграм:

Некои од коментарите се дека се подготвени да го пробаат овој метод, при што еден, посочувајќи ја негативната страна на потсетувањето, коментира:

„Секогаш се чувствував понижено кога моите родители ми го правеа тоа. Никогаш не би ми дале шанса да го кажам тоа сам пред да ме засрамат со тоа што ќе мораат да ме „потсетат“. Јас никогаш нема да бидам родител кој прави моите деца да се чувствуваат како да се лоши што не покажале почит на вистински начин“,

Сепак, некои не се фасцинирани од овој метод, па велат дека не се сите деца подеднакво подготвени да покажат добро однесување и манири.

„Долго време ја охрабрувам и подучувам ќерка ми – таа сега има осумнаесет години. Јас со мојот пример покажав како треба да се каже, кажував во наше име, ја потсетував да каже, направив се. Сè уште ѝ е многу непријатно да го каже тоа. Некои деца едноставно се чувствуваат чудно да кажат „благодарам“, а јас бев една од нив. Не знам зошто е тоа така, можно е да е поврзано со аутизам, но само сакав да го спомнам ова за сите кои долго време се мачат да ги натераат своите деца да покажат добрина и благодарност“, е еден од коментарите.

Па, знаеме дека не реагираат сите деца на ист начин и знаеме дека не се сите подеднакво подготвени да зборуваат пред другите. Сепак, знаеме и дека вреди да се проба секој предложен метод, па можеби тој ќе успее.

Повеќе