Немојте да мислите дека сте нешто посебно или зошто се Данците најсреќен народ

Правилата кои опстојуваат во скандинавската култура на секој начин, влијаат и врз училишниот систем, а во него нема конкуренција, нема напредни програми за надарени ученици. Сите училишта мора да бидат еднакви, а учениците меѓусебно да си помагаат, а не да се натпреваруваат за „најдобри“. Самите правила се едноставни, а секое правило ја поттикнува идејата дека сте просечни и дека е тоа сосема во ред.

180

За разлика од другите земји каде што ги учиме децата да се стремат кон најдоброто и да вложат многу труд за да бидат поинакви и единствени, каде што ги учиме дека не е доволно да ги имаат сите петки, туку треба да ги посетуваат сите напредни часови и да имааат исто толку воннаставни активности, во Данска, која многупати е избрана за најсреќна земја во светот, општествената структура е многу поразлична.

Данците имаат тенденција да веруваат во нешто што го нарекуваат Јантеов закон, кој се состои од 10 правила чија основна идеја е да се прифати просекот. Јантеовиот законот владее насекаде во Данска, дури и ако никој не дискутира за тоа или не признава.

Овие правила опстојуваат во скандинавската култура на секој начин, па влијаат и на училишниот систем. Нема конкурентен училишен систем, нема напредни програми за надарени ученици. Сите училишта мора да бидат еднакви, а учениците меѓусебно да си помагаат, а не да се натпреваруваат за „најдобри“. Нема програма за наградување, нема трофеи за учениците кои се подобро оценети.

Самите правила се едноставни. Секое правило ја поттикнува идејата дека сте просечни и дека е тоа сосема во ред.

Немојте да мислите дека сте нешто посебно.
Немојте да мислите дека сте толку добри како нас.
Немојте да мислите дека сте попаметни од нас.
Не треба да се убедувате дека сте подобри од нас.
Немојте да мислите дека знаете повеќе од нас.
Немојте да мислите дека сте поважни од нас.
Немојте да мислите дека сте добри во нешто.
Немојте да ни се смеете.
Немојте да мислите дека некому му е грижа за вас.
Немојте да мислите дека можете да не научите на нешто.

Правилата, кога се напишани, треба да изгледаат застрашувачки и прилично одбивни. Тие доаѓаат од книгата напишана од Аксел Сандемоус, а тој се обидел да напише сатира за тоа како е да се живее во скандинавските мали градови во неговиот роман „Бегалецот ја преминува својата трага“. Кога Сандемоус го нарекол градот Јанте, го дал името на нешто што долго постоело во скандинавската практика.

Иако идејата за Јантеовиот закон е културно релевантна, според Линдзи Дупуис, терапевт од Копенхаген, за него не се зборува во секојдневниот живот како свесна практика, туку се живее според него – зборувањето за него изгледа излишно. Зошто да зборувате за внесот на кислород кога сте родени вдишувајќи го?

Оваа идеја се материјализира вака: никој не се фали кога детето му е најдобро на часот по математика. Тие не зборуваат за тоа кој одржал најдобар говор на работа, ниту пак разговараат кој е најуспешен. Тоа не значи дека Данците не се амбициозни, тие се исто толку амбициозни како и сите други. Тие едноставно не се фалат со тоа, ниту пак се оптоваруваат да работат повеќе.

„По дефиниција, повеќето од нас се просечни“, вели психологот Медлин Левин во својата дискусија на оваа тема. Според основната дефиниција на зборот просек, поголемиот дел од општеството е некаде помеѓу најлошото и најдоброто, а борбата против тоа само не води до анксиозност.

Со ова не сакаме да кажеме дека е залудно да се обидувате, туку важни се намерите – дали сакате да постигнете нешто или сакате да победите некој друг во нивното достигнување? Како што напиша Ален де Ботон: „Анксиозноста е слугинка на модерната амбиција“.

Психологот Бери Шварц коментирал токму за ова. Во својата книга „Парадоксот на изборот: Кога помалку е всушност повеќе?“, тој напишал дека е неопходно менталното здравје на една личност да го прифати просекот, односно „доволно добро“. Ова е неопходно затоа што можеби е невозможно да се знае дали некогаш е постигнато „најдоброто“, а честопати совршенството е недостижно.

Можеби е невозможно да се знае дали некој имал најдобар резултат, но лесно е да се разбере дека резултатот бил доволно добар. Невозможно е да се измери дали некој е најдобриот музичар, но тој е доволно добар. Шварц инсистира на тоа дека психолошки, овој континуиран напор да се биде над просекот има негативни последици за менталното здравје.

„Она што се случува е дека замислената алтернатива ве тера да жалите за одлуката што сте ја донеле, а ова жалење го одзема задоволството што го добивате од одлуката што сте ја донеле, дури и ако тоа е добра одлука.

Тоа значи дека Јантеовите закони, психолошки гледано, се далеку поздрав начин на размислување. Прифаќањето на вашиот просечен живот значи дека нечие искуство би можело да биде многу подобро со него. Покрај тоа, Данците имаат и hygge, што е збор што опишува еден концепт на удобност и пријатност, кој е клучен за нивниот квалитет на живот.

Ако облечете нешто удобно и ги намалите вашите очекувања, повремено ќе бидете импресионирани кога тие очекувања ќе бидат надминати. Сè што ви треба е чувството дека сте доволно добри за да ви биде удобно и пријатно во животот: Јанте и Хиги.

Повеќе