Неподносливите мигрени можат да се ублажат со редовни оргазми

Лекарите теоретизираат дека ослободувањето на „хормоните на среќата“, како што се допамин, серотонин и ендорфин, кои се произведуваат за време на сексуалната активност, може да помогне да се намали притисокот и да престане чукањето во главата, пишува Дејли Меил.

51

Мигрената е третата најчеста болест во светот, која погодува речиси милијарда луѓе.

Мигрената е невролошка состојба која предизвикува силна мачна болка или пулсирачко чувство, обично на едната страна од главата. Секој што ја доживеал барем еднаш знае дека тоа е многу повеќе од типична главоболка. Првенствено се разликува по тоа што може да се влоши со движење, светлина и звуци и да предизвика мачнини, повраќање, вкочанетост во екстремитетите и промени во видот. Затоа луѓето често избираат да лежат во тивка, затемнета просторија додека тензијата не се смири.

Но, постои и друг начин. Редовните оргазми можат да помогнат во ублажување на изнемоштувачките мигрени, и иако првично може да помислите дека не би ви се допаднало да правите ништо во тој момент, можеби вреди да пробате.

„Ме боли главата“

Интензитетот на болката варира од личност до личност и може да се прошири на очите, лицето, синусите, вилицата и вратот, што значително го нарушува нормалниот живот. Нападот на мигрена може да трае со часови или дури со денови. Иако лековите против болки можат да помогнат, тие имаат и голем број несакани ефекти, како и одредени трошоци. Сепак, експертите заклучија дека еден домашен лек може да биде ефикасен. Имено, тие велат дека секој вид на сексуална активност за време на мигрена или кластер главоболка (екстремно болни главоболки кои траат помалку од еден час и се јавуваат на едната страна од главата) може да ја ублажи болката.

Лекарите теоретизираат дека ослободувањето на „хормоните на среќата“, како што се допамин, серотонин и ендорфин, кои се произведуваат за време на сексуалната активност, може да помогне да се намали притисокот и да престане чукањето во главата, пишува Дејли Меил.

Студија од 2013 година од Универзитетот во Мунстер во Германија покажала дека 60 отсто од луѓето пријавиле подобрување во нивните напади на мигрена откако биле вклучени во некоја форма на сексуална активност. Истото го пријавиле и 37 отсто од оние кои страдале од кластер главоболки.

Зошто се јавуваат мигрени?

Иако научниците допрва треба да ја откријат точната причина за мигрената, некои веруваат дека специфичните нерви во крвните садови може да испратат сигнали за болка до мозокот. Ова ослободува воспалителни супстанции во нервите и крвните садови на главата – предизвикувајќи силна мачна болка. Стресот, анксиозноста и емоционалните предизвикувачи, исто така, можат да ослободат хемикалии во мозокот кои придонесуваат за мигрена.

Според д-р Меган Донели, невролог и специјалистка за главоболка од Novant Health во Шарлот, Северна Каролина, која не била вклучена во студијата, вели дека оргазмот и болката влијаат на истите области на мозокот. Таа објаснила дека оргазмите го стимулираат производството на ендорфини, кои се природни лекови против болки на телото.

За време на напад на мигрена, луѓето може да имаат пониски нивоа на одредени невротрансмитери како допамин и серотонин. И двата од овие невротрансмитери се ослободуваат за време на сексуалната активност и можат да ја ублажат болката.

Во некои случаи, сексот може да предизвика главоболки. Според Medical News Today, оргазмот може брзо да го зголеми крвниот притисок, што може да предизвика проширување на крвните садови во главата. Ова може да предизвика ненадејни, интензивни главоболки кај некои луѓе.

Во повеќето случаи, тие се сметаат за бенигни и немаат основна причина, меѓутоа, повремено сексуалните главоболки може да бидат симптом на посериозна состојба, како што се проблеми со крвните садови во мозокот. Овие типови на главоболки се јавуваат четири пати почесто кај мажите, обично прво во нивните 40-ти, според студијата од 2010 година објавена во The Journal of Headache and Pain.

Повеќе