Опсесивното користење технологија од страна на родителите може да има сериозни долгорочни последици врз бебињата и малите деца

Малите деца под петгодишна возраст страдаат од негативни последици ако нивните мајки и татковци се попречувани од звуците на модерната технологија, според изненадувачка нова студија за опасностите од „техноференцијата“. според нова студија за опасностите од „техноференцијата“.

12

Според нова студија за опасностите од технологијата, децата под петгодишна возраст може да претрпат негативни последици ако нивните родители постојано се преокупирани од звуците и известувањата од електронските уреди.

Авторите на извештајот, објавен на 5 мај, истакнуваат дека користењето технологија во присуство на дете има негативно влијание врз неговиот развој. Ова е поврзано со послаби когнитивни способности, намалено социјално однесување, послаба приврзаност и појава на други проблеми, вклучително и емоционални тешкотии.

Родителското однесување негативно влијае на децата

Научниците од Универзитетот во Волонгонг во Австралија анализирале податоци од 21 претходна студија која ги истражувала негативните последици од влијанието на технологијата врз меѓучовечките односи, особено во рамките на семејството. Имено, родителите честопати стануваат толку преокупирани со електронските уреди што не успеваат да одвојат време за основни активности, како што е читање приказна на своето дете пред спиење.

Истражувачите анализирале одговори од 14.900 учесници од целиот свет, чии деца биле на возраст од новороденчиња до 5 години. Тие проучувале како употребата на технологија во присуство на дете влијае на различни аспекти од развојот на детето, вклучувајќи моторни и когнитивни вештини, психосоцијално здравје, физичка активност, време пред екран и квалитет на спиење.

Резултатите покажале дека повторените одвлекувања на вниманието и прекините предизвикани од електронските уреди можат да имаат долготрајно влијание врз децата.

„Ваквите прекини можат да ги натераат децата да се чувствуваат игнорирани или да се чувствуваат како да мора да се натпреваруваат за вниманието на своите родители. Овие прекини можат да го нарушат природниот тек на интеракциите, што е клучно бидејќи токму во овој период децата стекнуваат важни социјални и јазични вештини и ги развиваат своите модели на однесување, вклучително и начинот на кој се движат“, велат експертите во соопштението, пишува „Њујорк пост“.

Резултатите од студијата за влијанието на технологијата врз семејството од септември 2024 година покажале дека родителите кои се зависни од електронски уреди негативно влијаат врз јазичните вештини на своите деца. Дури и кога користат технологија за образовни цели, децата страдаат поради прекумерната изложеност на дигитални уреди.

„Иако читањето е-книги и играњето едукативни игри можат да помогнат во развојот на јазичните вештини, најважниот фактор во првите години од животот е секојдневната, двонасочна, вербална интеракција лице в лице помеѓу родителот и детето“, вели главната авторка Тија Тулвисте од Универзитетот во Тарт.

Повеќе