Oпуштете се: Што и да правите, вашите деца сепак ќе имаат што да раскажат кај психологот!

Да можев повторно да го живеам својот живот, еве што би променила

15

Овој текст е за сите оние мајки кои едвај преживуваат овие денови правејќи сѐ и сешто со своите деца, карајќи се со бесните тинејџери, со незадоволните деца. Опуштете се! Што и да правите, вашите деца ќе имаат што да кажат на психотерапија еден ден!

Да можев повторно да го живеам својот живот, еве што би променила:

Би му рекла на мојот син: „Душо, не мора да станеш инженер, дури не мора ни да бидеш адвокат. Не е важно што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш. Сакаш да бидеш фудбалски коментатор – одлично! Кловн во трговски центар? Браво!“

И кога тој мој син ќе наполни триесет години, ќе дојде кај мене целиот испотен, ќелав и со размачкана кловновска шминка на лицето и ќе ми каже:

„Мамо, имам триесет години и работам како кловн во трговски центар! Дали ова е животот што го сакаше за мене? Што, по ѓаволите, мислеше? Зошто ме остави да си играм наместо да учам математика? Зошто не ми кажа колку е важно образованието?“

И тогаш ќе го погалам по ќелавата глава и ќе му кажам:

„Душо, само те поддржував во сè што сакаше да правиш! Не те притискав. Не те терав да вежбаш математика кога сакаше да си играш со твоите пријатели.“

И тогаш ќе каже осудувачки: „Не знаев каде ќе ме одведе тоа, бев дете, не можев да одлучам, но ти можеше да го направиш тоа за мене. Можеше да ме упатиш!“

Потоа ќе станам, ќе го погледнам внимателно и ќе му кажам: „Тоа е тоа. Постојат два вида луѓе на светот: некои живеат, а други бараат виновници. И ако не го разбираш ова, тогаш ти, синко, си идиот.“

Тој само ќе каже „ах“ и ќе се онесвести! Неговата психотерапија ќе трае пет години.

Или не…

Еден ден ќе имам син и ќе го правам спротивното. Од тригодишна возраст ќе му повторувам: „Не биди идиот, Владимир, размислувај за иднината. Научи математика, Владимир, ако не сакаш да бидеш оператор во кол-центар до крајот на животот.“

И кога ќе наполни триесет години, ќе дојде кај мене, испотен, ќелав програмер со длабоки брчки и ќе рече: „Мамо, имам триесет години и работам во Google. Работам дваесет часа на ден, мамо. Немам семејство. Што помисли кога ми кажа дека добрата работа ќе ме направи среќен? Зошто ме тераше да учам математика?“

И ќе речам: „Драги, но сакав да добиеш добро образование! Сакав да имаш можност!“

И тој ќе ми рече: „Што по ѓаволите ми требаат можности кога сум несреќен, мамо? Поминувам покрај кловнот во трговскиот центар и му завидувам. Тој е среќен! Можев да бидам среќен човек, но ти ми го уништи животот!“

И тогаш ќе станам, ќе го погледнам внимателно и ќе му кажам: „Драги мој, постојат два вида луѓе: некои живеат, а други се жалат постојано. Ако не го разбираш ова, тогаш ти, синко, си идиот!“

Тој само ќе каже „ах“ и ќе се онесвести! Неговата психотерапија ќе трае пет години.

(Текстот е од ТУКА)

Повеќе