Оваа лоша навика го зголемува ризикот од деменција, велат невролозите

„Истражувањето покажува дека социјалната изолација го зголемува ризикот од деменција за дури 50 проценти, најверојатно поради намалената когнитивна стимулација, зголемен стрес и промени во расположението“, објаснува д-р Нтранос за Parade.

65

Бројот на случаи на деменција рапидно се зголемува, а се проценува дека до 2060 година овој број ќе се удвои. Но, деменцијата не е само прашање на генетика и случајност – начинот на живот и една лоша навика играат многу важна улога.

Истражувањата покажуваат дека Алцхајмеровата болест може да започне 20 години пред да се појават првите симптоми, што значи дека превентивните мерки се многу поважни од самата старост, изјавиле невролозите д-р Акилефс Нтранос и д-р Џонатан Хауард.

Лоша навика која поттикнува деменција

Според д-р Нтранос, најголемиот ризик фактор и навика што треба да ги избегнуваме е социјалната изолација.

„Чувството на осаменост не е само емоционален товар – тоа претставува закана за мозокот“. „Истражувањето покажува дека социјалната изолација го зголемува ризикот од деменција за дури 50 проценти, најверојатно поради намалената когнитивна стимулација, зголемен стрес и промени во расположението“, објаснува д-р Нтранос за Parade.

Дружењето бара активно слушање, разбирање на емоциите, водење разговори и потсетување на споделени искуства – сето тоа го одржува мозокот активен.

Значи, од овие причини, д-р Нтранос препорачува вклучување во секојдневни интеракции, дури и преку мали разговори со познаници или трговци. Таа, исто така, предлага учество во групи во заедницата, волонтирање и користење технологија како видео повици за да останете во контакт со саканите.

Социјална активност, ама и физичка

„Комбинирајте ја социјалната активност со вежбање, како пешачење или градинарство, за да комбинирате две стратегии за здрав мозок“, додава д-р Нтранос.

„Најдобар начин да се намали ризикот од деменција е да се живее здрав начин на живот“.

Покрај социјалната изолација, други животни навики можат да го зголемат ризикот од деменција. Д-р Хауард ја нагласува важноста од откажување од пушење и намалување на внесот на алкохол.

„Најдобар начин да се намали ризикот од деменција е да се води здрав начин на живот“, нагласува д-р Хауард. Посебно се истакнува внесувањето на зелен лиснат зеленчук, јаткасти плодови, бобинки, цели зрна, риба и маслиново масло.

Добрата вест е дека малите промени можат да донесат големи придобивки. Според д-р Нтранос, позитивните ефекти од зголемената социјална интеракција може да се видат по само неколку недели.

„Подобрувањата во расположението и когнитивните функции доаѓаат брзо, но континуитетот е клучен.

„Дружењето е како витамини за мозокот – малите дневни дози даваат најдобри резултати“, заклучил тој.

Повеќе