Полиестерот како контрацепција: Невидлива секојдневна закана за хормоналната рамнотежа

Иако самиот полиестер не е директно ендокрин дисруптор, хемикалиите што се користат во неговото производство и преработка можат да имаат сериозно влијание врз човечкиот ендокрин систем, па полиестерот може да делува како „невидлива контрацепција“ и да влијае на плодноста и репродуктивната функција.

17

Во светот на модата во 21 век, полиестерот е неизбежен – од спортска опрема до секојдневна облека. Меѓутоа, овој најраспространет синтетички материјал во облеката може да има сериозно влијание врз нашето хормонално здравје. Иако самиот полиестер не е директно ендокрин дисруптор, хемикалиите што се користат во неговото производство и преработка можат да имаат сериозно влијание врз човечкиот ендокрин систем, па полиестерот може да делува како „невидлива контрацепција“ и да влијае на плодноста и репродуктивната функција.

Скриени хормонски дисруптори

Ендокрините дисруптори можат да ги имитираат или блокираат природните хормони на телото, што може да доведе до разни здравствени проблеми. На пример, познато е дека BPA го имитира естрогенот, кој може да влијае на репродуктивната функција и развој. Иако директната врска помеѓу носењето полиестерска облека и хормоналните нарушувања кај луѓето е сè уште предмет на истражување, постојат докази што сугерираат дека долготрајната изложеност на овие хемикалии може да има негативни ефекти врз човечкиот хормонален систем.

Оваа тема е обработена од бројни истражувачи и организации. На пример, студија од 2023 година спроведена од Центарот за здравје на животната средина (CEH) открила високи нивоа на BPA во чорапи, спортски градници и маички од полиестер, пишува Гардијан.

За време на производството на полиестер, се користат разни хемикалии кои можат да дејствуваат како ендокрини нарушувачи. На пример, антимонот, кој се користи како катализатор во производството на PET (полиетилен терефталат), може да се акумулира во готовите ткаенини. Иако нема директен естрогенски ефект, антимонот може да предизвика оксидативен стрес, кој влијае на функцијата на тироидната жлезда и репродуктивниот систем, објавува ScienceDirect.

Покрај антимонот, во полиестерот може да бидат присутни и други ендокрини нарушувачи, како што се бисфенол А (BPA), перфлуороалкилни супстанции (PFAS) и фталати. Овие хемикалии мигрираат од ткаенината на кожата, особено за време на потење или триење, и потенцијално предизвикуваат хормонски нарушувања, пишува Orbasics.

Како да се заштитите?

Изберете природни материјали: облеката направена од памук, лен или волна има помала веројатност да содржи штетни хемикалии.

Проверете ги сертификатите: облеката со сертификати како што се GOTS (Глобален стандард за органски текстил) или OEKO-TEX стандард 100 гарантира дека производот не содржи штетни хемикалии.

Исперете ја новата облека пред да ја облечете за првпат: ова може да помогне да се намали изложеноста на хемикалии што може да се ослободат од ткаенината.

Повеќе