Поминувањето многу време во градинка не предизвикува проблеми во однесувањето, вели истражувањето
Идејата дека децата кои поминуваат повеќе време во градинките имаат проблеми во однесувањето е предмет на дебата веќе долго време, не само меѓу родителите туку и меѓу научниците. Едно ново истражување покажало дека тоа не само што не е така, туку има токму спротивен ефект. Ризикот од лошо однесување кај децата во градинка, го носат само преполните градинки.
Добра вест за сите вработени родители. Една нова студија која се фокусирала на однесувањето на децата покажала дека не постои директна врска помеѓу децата кои поминуваат повеќе часови во градинка и агресивното или асоцијалното однесување. Резултатите од студијата се објавени во списанието Child Development, а се базирани на податоци за повеќе од 10.000 деца од предучилишна возраст од Северна Америка и Европа.
Според студијата, исто така, немало докази кои укажуваат на тоа дека нивото на образование на мајката или нејзиниот приход во домаќинството имале некакво влијание врз тоа колку време детето поминало во градинка. Но, што е најважно, доказите сугерираат дека градинките можат да бидат корисни за однесувањето на децата кога станува збор за учењето.
„Ова е охрабрувачка вест. Се покажало дека меѓу децата кои поминуваат време во градинка нема повеќе надворешни однесувања како малтретирање, тепање, удирање, гризење или влечење за коса“, вели Каталина Реј-Гуера, докторант на Бостонскиот колеџ.
Покрај тоа, Реј-Гуера истакнува дека одењето во градинка може да има исклучително позитивни ефекти врз децата. Идејата дека децата кои поминуваат време во градинките имаат проблеми во однесувањето е предмет на дебата веќе долго време, не само меѓу родителите туку и меѓу научниците.
Меѓутоа, било откриено што го зголемува ризикот од лошо однесување кај децата во градинка. Тоа се преполните градинки. Идеален сооднос за јасли е една тетка за четири деца, една тетка за седум деца за мали деца и една тетка за осум деца за деца од предучилишна возраст, пишува Motherly.
Педијатарката Керол Вајцман предупредува дека најважен фактор е да се задоволат потребите на детето, без оглед на околностите.
„Поголема е веројатноста да видите неприлагодени или деца под стрес кога нивните потреби не се задоволени. Искуството да се биде во градинка може да им помогне на децата да развијат пријателства и да имаат повеќе разбирање“, рекол Вајцман, истакнувајќи дека САД се најниско рангирани во споредба со други четири земји во студијата во поглед на платено родителско и породилно отсуство.