Преспивање кај пријател, ама без спиење: „Sleepunder“ е нов тренд меѓу децата и родителите

Преспивањето е секогаш актуелно и децата секогаш со задоволство го прифаќаат. Сепак, многумина се повеќе воодушевени со идејата отколку со вистинската реализација, па затоа станал модерен нов тренд – преспивање без спиење.

211

Дружењето во домовите на пријателите е секогаш особено привлечно за децата. Го гледаат одвнатре домот на некој што го сакаат, го доживуваат нивниот живот на поинаков начин, ги истражуваат сите нивни играчки и често се забавуваат без будното око на нивните родители. А преспивањето? Тоа е една целосно нова димензија за која децата најпрво фантазираат, планираат, а понекогаш доаѓа ред и на тоа…

Сепак, колку и да им се допаѓа идејата, колку и да ја сакаат, понекогаш таа во нивниот ум изгледа сосема поинаку од тоа како изгледа во реалноста. Да, забавно е да се спие кај пријател! Но тогаш доаѓа времето за спиење – без бакнежот на мама, без прегратка, без скокоткањето на тато… И сè изгледа поинаку.

Истото важи и од гледна точка на родителите, особено ако станува збор за пријатели кои не ги познаваат долго. Да се ​​оставито дете да спие во туѓа куќа повеќе не звучи исто како пред една или две децении. Денес е многу покомплицирано и многу родители тешко се одлучуваат за тоа.

И токму затоа – и поради едните и поради другите – во Америка се појавил нов тренд, односно нова форма на преспивање кај пријателите. Му го дале името „sleepunder“, а станува збор за деца кои си играат кај другарчињата без нивните родители, долго време, „прават“ сѐ што вообичаено би правеле кога се кај некого на спиење. И тогаш, точно пред одењето на спиење, нивните родители доаѓаат да ги земат и тие одат да спијат дома.

Попријатна опција
Се чини дека ова сценарио им одговара на сите. „Sleepunder е одлична опција за родители на кои не им е пријатно нивните деца да останат будни цела ноќ кај некој пријател“, изјавила експертката за родителство Ерика Соутер за Good Morning America. „Ова го гледаме сѐ почесто од пандемијата наваму. Луѓето сакаат нивните деца да останат поврзани, да се чувствуваат како дел од групата и да имаат пријатели“, објаснува таа.
Исто така, истакнала дека има многу фактори кои влијаат на тоа дали детето е подготвено да преноќи кај другарче или не. „Навистина не можеме да кажеме дека има вистинско време. Има шестгодишни деца кои сакаат да преноќат кај пријател и 13-годишници кои не се подготвени за тоа и не можат да се справат со предизвикувачки ситуации. Мора да го познавате вашето дете“, вели таа и нагласува дека е многу важно во секој случај да ги научиме децата како да се заложат за себе кога им е непријатно.

Соутер советува родителите да почнат да го подготвуваат своето дете да биде подалеку од нив, учејќи го за личните граници и како да се извлечат од ситуации кадешто може да се чувствуваат небезбедни.

„Многу е важно да знаат дека имаат излез од ситуациите“, објаснила таа. „Подредете си безбеден збор што ќе можете да го користите на телефон со нив, за да можете да ги земете порано ако е потребно.“

Важно е да поставувате прашања

Родителите кои им ја доверуваат грижата за своите деца на други треба да поставуваат прашања за домот каде што детето ќе остане. Кој ќе ги надгледува децата? Дали алкохолот е заклучен? Кој друг ќе биде во тој дом? Никогаш не треба да се претпоставува дека нема апсолутно никаков потенцијален ризик. Мора да земете предвид сѐ, за да бидете подготвени за сѐ. Можеби звучи претерано, но сите ќе се чувствуваат побезбедни.

Повеќе