Сѐ е до големината на раката?! Жена-гинеколог објаснува зошто има толку машки гинеколози

Една од причините што ги наведува докторка-гинеколог како објаснување зошто има толку мажи во професијата, ќе ве изненади…

447

Понекогаш, пациентките претпочитаат жена да се грижи за нивното репродуктивно здравје. Сепак, фактот е дека повеќето гинеколози се мажи.

Гинекологот д-р Анита Митра открива зошто е тоа така, пишува Хафингтон Пост, а причината може да ве изненади бидејќи е поврзана со физичките разлики помеѓу жените и мажите.

„Зошто има толку многу машки гинеколози? Ова е прашање што често го слушаме. Иако имам многу фантастични колеги гинеколози, разбирам дека понекогаш едноставно преферирате жена“, вели д-р Анита Митра во видео што го објави на Инстаграм.

„Зошто има толку многу мажи во оваа професија? Гинекологијата е повеќе хируршка специјалност во споредба со акушерството, а хирургијата отсекогаш била област во која повеќе доминирале мажите, што е поврзано со родовите предрасуди“, објаснува д-р Митра.

„Хируршките инструменти генерално се дизајнирани за мажи. Всушност, оние со големи рачки можат да бидат незгодни за мали раце. Луѓето секогаш се изненадени кога им го кажувам ова. Не знам за ниедна компанија што произведува медицински инструменти за женски раце“, вели таа.

Д-р Митра, исто така, забележува дека жените можат да се соочат со сексизам на работното место, иако ова се менува, и признава дека жените надвор од медицинската професија исто така се соочуваат со овој проблем.

„За среќа, има многу инспиративни гинеколози и хирурзи. Затоа, не се откажувајте ако ова е кариерниот пат што сакате да го изберете“, вели таа.

Повеќе