Шест можни причини зошто вашето дете ве игнорира, a не е од пркос или непослушност

Можеби изгледа како да ги игнорираат, но тие всушност се справуваат со предизвици кои нивниот мозок сè уште не е способен да ги процесира, пишува The Times of India.

45

Многу родители се чувствуваат фрустрирани кога нивните деца ги игнорираат, а тоа често може да биде поголем предизвик од отворената непослушност или кавги. Важно е да се знае дека игнорирањето не е секогаш прашање на непослушност, ниту пак е показател дека децата се разгалени. Всушност, постојат различни можни фактори кои би можеле да бидат одговорни за оваа ситуација.

Експертите за родителство споделија некои од можните причини за The Times of India.

Нивниот мозок не е целосно развиен.
Не можеме да ги обвинуваме децата поради тоа што не разбираат сè од перспектива на нивните родители, бидејќи нивниот мозок не е целосно развиен. Иако децата можеби интелектуално разбираат што е важно за нивните родители, емотивно можеби нема да го искусат тоа на ист начин бидејќи едноставно, сè уште не се во фаза на развој која би им овозможила да ги процесуираат сите емоции на начин како што тоа го прават возрасните.

Премногу стимулација
Во денешниот свет, децата постојано се изложени на различни стимули – екрани, разговори и други работи. Кога децата се престимулирани, нивниот мозок нема нужно да ги обработи сите информации што доаѓаат до нив. Тие можат да кимнат и да кажат „да“ без навистина да разберат што им било кажано. Затоа е клучно кога сакаме да го привлечеме нивното внимание, да се погрижиме да бидат фокусирани и подготвени да слушаат.

Не можат да правам повеќе работи одеднаш.
За разлика од возрасните, кои можат да извршуваат повеќе задачи истовремено, децата сè уште ја развиваат својата способност за повеќе задачи. Тоа значи дека кога имаат многу обврски, особено во текот на утринската рутина или адолесценцијата, едноставно не можат да обработат и сè да завршат навреме.

Можеби изгледа како да ги игнорираат, но тие всушност се справуваат со предизвици кои нивниот мозок сè уште не е способен да ги процесира, пишува The Times of India.

Нивниот мозок не може да ги обработи информациите во тој момент.
Кога се чини дека децата ги игнорираат своите родители, тоа најчесто не е знак на непослушност, туку одраз на моменталната фаза на нивниот мозочен развој. Децата не секогаш можат да ги обработат сите информации одеднаш. Ефектите од околината, пречките и фазата на развој, исто така, можат да влијаат на тоа колку брзо можат да го обработат она што им го кажува родителот.

Физички причини
Различни физички фактори влијаат и на способноста на детето да обработува информации. Хормоните, квалитетниот сон, хидратацијата и разните стресни фактори можат да имаат големо влијание врз нивната концентрација и однесување. Адолесцентите, на пример, сè уште минуваат низ значителен развој на мозокот, па затоа е важно да бидете трпеливи и внимателни со нив, особено наутро, кога сè уште не се целосно „будни“, известува The Times of India.

Неразвиени вештини за размислување
Родителите често преземаат задачи и ги потсетуваат децата на работите што треба да ги направат, што ги спречува децата да развијат сопствено размислување и вештини за самостојно одлучување. Подобро е да им поставувате прашања што ќе ги поттикнат да размислуваат, наместо да им давате инструкции. Ова не само што им помага да развијат вештини за решавање проблеми, туку и ги мотивира да го активираат сопствениот мозок.

Повеќе