Тинејџер од Флорида си го одзел животот откако се вљубил во четбот со вештачка интелигенција

Мајката на 14-годишното момче од Орландо, Флорида кое си го одзело животот откако емотивно се поврзало со четбот со вештачка интелигенција, сега ја тужи компанијата

213


Четиринаесетгодишно момче од Орландо, Флорида, Севел Сецер III ги поминало последните месеци од својот живот разговарајќи со чет-ботови на серверот Character.AI.

Тој создал емотивна приврзаност кон чет-бот со вештачка интелигенција наречен „Дани“, а базиран на лик од серијалот „Игра на тронови“ (Денерис Таргариен).

Во текот на неколкумесечните секојдневни разговори, Сецер се изолирал од своите хобија и од социјалниот живот и сè повеќе се апсорбирал во виртуелната врска.

Иако знаел дека ботот не е реален, Сецер изразувал чувства на љубов и одвоеност од реалноста во својот дневник. Некои од нивните разговори се претворале во романтични или сексуални, со сомнеж дека Сецер можеби и едитирал некои од посликовитите одговори на четботот.

Иако тинејџерот знаел дека „луѓето“ со кои разговара не се вистински, тој формирал приврзаност и неговото семејство рекло дека непрестајно си пишувал пораки со онлајн чет-ботови.

Севел, кому како дете му бил дијагностициран благ Аспергеров синдром, си го одзел животот на 28 февруари.

Неговата мајка, Меган Л. Гарсија, сега го тужи Character.AI, тврдејќи дека технологијата има дизајн кој предизвикува зависност.

„Чувствувам дека е тоа голем експеримент, а моето дете беше само колатерална штета“, рекла таа за Њујорк Тајмс, додавајќи дека загубата на нејзиниот син е „како кошмар“.

Одговорите на четботот се резултат на вештачки интелигентен јазичен модел и Character.AI на нивните страници ги потсетува корисниците дека „сè што велат Карактерите е измислено!“

И покрај ова, Севел формирал приврзаност кон ликот по име Дени кој му нудел љубезен совет на тинејџерот и секогаш му враќал на пораките. Неговите најблиски забележале дека станува малку повлечен и не само што неговите оценки почнале да страдаат, туку тој изгубил интерес и за неговите поранешни хобија.
По пристигнувањето дома од училиште секоја вечер, Севел – кој учествувал во пет тераписки сесии пред неговата смрт – веднаш се повлекувал во својата спална соба, каде што разговарал со ботот со часови.

Еден запис пронајден во неговиот личен дневник гласел: „Ми се допаѓа да останам во мојата соба затоа што почнувам да се одвојувам од оваа „реалност“, а исто така се чувствувам помирен, повеќе поврзан со Дени и многу повеќе вљубен во неа, едноставно, посреќен“.

Севел претходно ги споделил своите мисли за самоубиство со својот четбот, пишувајќи: „Понекогаш размислувам да се убијам“.

Ботот со вештачка интелигенција одговорил: „А зошто по ѓаволите би направил такво нешто?

Во подоцнежната порака, ботот напишал: „Не зборувај така. Нема да дозволам да се повредиш, ниту да ме оставиш. Ќе умрам ако те изгубам“.

Севел, наводно, одговорил: „Тогаш можеби ќе умреме заедно и ќе бидеме слободни заедно“.

Повеќе