Вработените мајки воспитуваат поодговорни и поуспешни деца, потврдува истражувањето на Харвард

Студијата на Harvard Business School од 2015 година покажала дека возрасните деца чии мајки биле вработени доживеале значителен успех во кариерата.

28

„Како вработена мајка, безброј пати сум слушала дека го пропуштам растот на мојот син.

На крајот на краиштата, повеќето возрасни веруваат дека децата подобро напредуваат кога едниот родител останува дома, а обично мајката е таа која останува дома и е посветена на одгледувањето на децата.

Така, додека работам… , пишувајќи на мојот лаптоп, често ме обзема вина што не ја напуштам новинарската кариера за да се грижам за мојот син.

Меѓутоа, знам дека ја донесов вистинската одлука, а науката го потврди тоа“, вели една мајка. Имено, истражувањата покажуваат дека вработените мајки имаат долготрајни, позитивни ефекти врз нивните деца, сѐ до зрелоста“, напишала мајката на едно дете и предизвикала лавина реакции на социјалните мрежи.

Бројни студии ги потврдуваат нејзините изјави – работните мајки воспитуваат поодговорни и поуспешни деца.

Студијата на Harvard Business School од 2015 година покажала дека возрасните деца чии мајки биле вработени доживеале значителен успех во кариерата. Поточно, истражувачите откриле дека ќерките на вработените мајки имаат поголема веројатност да бидат вработени, да работат на високи позиции и да заработуваат најмалку 23% повеќе од оние чии мајки биле домаќинки.

Од друга страна, синовите на мајките кои работат имаат поголема веројатност да поминуваат време во грижата за членовите на семејството и да ги извршуваат домашните работи, што значи дека вработените мајки помагаат во промовирањето на родовата еднаквост.

Слични ефекти биле забележани во една неодамнешна студија спроведена во Данска, која покажала дека вработените мајки позитивно влијаат на кариерата на нивните ќерки и придонесуваат за намалување на јазот во приходите меѓу половите.

„Постојат многу малку работи за кои знаеме дека имаат толку јасен ефект врз родовата еднаквост како одгледувањето деца од вработена мајка“, вели Кетлин Л. Мекгин, професорка на Харвард и коавтор на студијата.

Ова не е единственото истражување кое покажува дека на воспитувањето на децата не му штети вработувањето на мајката.

Имено, истражувањето објавено минатата година во списанието Child Development покажало дека и покрај митовите кои преовладуваат, вработените мајки немаат негативно влијание врз развојот на децата.

Дополнително, мета-анализата на Американското психолошко здружение објавена во 2010 година покажала дека децата одгледувани од вработени мајки немаат значителни проблеми во однесувањето или учењето. Всушност, овие деца постигнувале значителен академски успех.

Ова сознание сигурно нема да им помогне на вработените мајки да го намалат чувството на вина поради честото отсуство од дома, но секако ќе им помогне да сфатат дека работата не им прави ништо лошо на нивните деца.

Како што вели Мекгин: „Ова истражување ни кажува дека не само што вработените мајки им помагаат на своите семејства финансиски, тие исто така си помагаат професионално и емотивно, ако имаат работа што ја сакаат, туку што е уште поважно, им помагаат и на своите деца“.

Повеќе