Броиме ситно до Новата година, џингл бел ѕвони на секој чекор, а во пресрет на веселите празници, за децата и за сите оние што се чувствуваат еуфорично, подготвена е „Зимска бајка“.
Организаторот најавува вистински празник за најмладите на 22 декември (недела) во 12 часот, точно напладне во Арената Јане Сандански ќе се случува неколкучасовна журка.
На овој детски спектакл ќе има пеење, смеење, играње, а тука ќе бидат и омилените детски музички ѕвезди: Златните славејчиња ќе пеат и пијат од најбистрите Поточиња во волшебната шума на Биби и Боби, ќе има луда забава со маските на Pow Patrol.
Празнично, ннтерактивно, едукативно, а домаќините на оваа весела програма се уште повеселите внучиња на Дедо Мраз: Андреј и Панчо од ДНК.
Зимска бајка е можност да се испрати старата и највесело да се дочека Новата година, да се разбуди магијата и радоста во срцата на сите посетители.
Организаторот e D- Sound продукција, a картите можат да се купат на kupikarta.com.