Зошто јапонските деца се послушни и никогаш не хистеризираат?

Децата од Јапонија се многу различни од децата од Запад. Тие се умерени и добро воспитани, ги слушаат родителите и никогаш не хистеризираат и немаат напади на бес. Која е тајната?

98

Младите Јапонци не ги сметаат постарите луѓе за здодевни, туку за извор на мудрост. За возврат, постарите не им викаат на младите и не ги критикуваат, туку им ја пренесуваат нивната мудрост.

Јапонија е земја на која многумина ѝ се восхитуваат од многу причини, а една од најсилните е начинот на кој ги воспитуваат децата. Карактерот на Јапонците не престанува да го воодушевува целиот свет. Сите сме имале можност да слушнеме колку се упорни, истрајни и како никогаш во никој случај не ја губат присебноста и чувството за комуникација. Тие се познати и по нивната почит кон другите и исклучително напорната работа. Такви се затоа што биле такви и како деца, а такви биле како деца затоа што ги учеле да бидат такви.

Децата од Јапонија се многу различни од децата од Запад. Тие се умерени и добро воспитани, ги слушаат родителите и никогаш не хистеризираат и немаат напади на бес. Која е тајната?

Јапонците многу ги ценат семејните врски.

Блиските односи меѓу членовите на семејството од различни генерации е нешто што, меѓу другото, ги прави Јапонците толку посебни. Оваа врска меѓу старите и младите се заснова на длабоко сочувство и взаемна грижа, што, за жал, не може да се види на ниедно друго место во светот.

Во Јапонија старите луѓе се сметаат за извор на мудрост и заслужуваат посебно внимание и почит. Од друга страна, старите луѓе имаат многу трпение и љубов кон младите. Старите Јапонци се однесуваат како ментори, а не како критичари и казнувачи.

Во тоа лежи клучот за хармонијата меѓу генерациите.

Јапонците ги ценат и почитуваат сите свои роднини. Во исто време, тие имаат многу строги граници. На пример, се смета дека е неприфатливо бабите и дедовците да ги одгледуваат своите внуци бидејќи родителите немаат доволно време.

Семејните врски во Јапонија не се засноваат на „размена на услуги“, туку на верување дека сè на овој свет има свое место.

Разбирање на родителството

Повеќето семејства во Јапонија веруваат дека родителството треба да се заснова на чувствителност и разбирање. Подигнувањето глас на дете во Јапонија е еднакво на секоја друга, сурова казна. Родителите во земјата на изгрејсонцето веруваат дека избегнувајќи казнување, тие всушност ги учат децата како да се поврзат со светот и да ги почитуваат чувствата на другите луѓе.

Ако детето не е добро, мама и тато го казнуваат со поглед или гест на неодобрување. На овој начин тие покажуваат дека ваквото однесување е неприфатливо. Фразите како „ќе ја повредиш/него“ или „ќе се повредиш“ се користат за да укажат на несоодветно однесување и последици, а не туку така. Истото правило важи и за предметите. На пример, ако детето скрши играчка, родителот ќе рече „згреши“ наместо „ја скрши играчката“. Јапонците ја нагласуваат важноста на чинот, а не функционалноста на предметот. Затоа децата уште од раното детство учат да бидат свесни за сè во секоја ситуација и да водат сметка за сè околу себе.

Најголемата тајна е – слободното време
Јапонците слободното време го поминуваат со своите деца. Тие не го сметаат учењето за посебна активност, туку прават сè заедно. Најважно за нив е да изградат силна врска со своите деца. Во Јапонија многу ретко се случува мајка да го запише своето дете во градинка пред детето да наполни најмалку три години. Јапонките ги носат своите деца буквално насекаде, бидејќи веруваат дека таквата физичка блискост создава длабоки и силни врски. Тие веруваат и дека близината на мајката ја смирува детската душа. Мајките во Јапонија водат сметка за тоа да разговараат многу со своите деца.

Односот со таткото, бабата и дедото е многу сличен. Во Јапонија, семејствата редовно ручаат и вечераат заедно, разговарајќи и кажувајќи меѓусебно што им се случило во текот на денот. Овие семејни приказни на масата често се повторуваат, всадувајќи кај детето чувство на припадност и идентитет, како и важноста на вербалната комуникација.

Тоа е главната причина зошто јапонските деца не прават сцени. Тие растат во средина каде што можноста за непријатни изненадувања е минимизирана, а љубовта никогаш не им недостига.

Тие растат свесни дека постои ред што мора да се следи и дека секој човек има свое место и улога. Ова ги смирува нивните умови, ги прави попристапни и им помага да разберат дека нема потреба од агресивно изразување на емоциите.

Повеќе