Чудни и неочекувани симптоми на рана бременост

Меѓу другите, симптом на бременост може да биде и вкусот на метал во устата, како резултат на зголемувањето на естрогенот и прогестеронот во организмот.

0
134

Општо познати се класичните знаци на рана фаза на бременост, како утринска мачнина, отсуство на менструација и почувствителни гради. Но, што е со оние помалку очекувани и често многу бизарни симптоми?

Покрај горенаведените симптоми, бремените жени можат да доживеат некои чудни знаци на рана бременост, а ние ви пренесуваме само некои од нив.

Помалку познати симптоми на бременост

1. Отсуството на менструација, во повеќето случаи, е еден од најочигледните знаци на бременост. Но, покрај фактот дека циклусот може да биде отсутен од други причини, како што е синдромот на полицистични јајници, некои бремени жени може да имаат крварење дури и ако се бремени. Затоа, единствениот сигурен начин да се одреди бременостa е тест на крвта.

2. Покачена температура, особено веднаш наутро, по будењето, може да биде симптом на бременост. Ако оваа состојба трае подолго од две недели, најверојатно сте бремени.

3. Грчевите во стомакот и карлицата, силна главоболка, како и почестото мокрење се симптоми на рана бременост.

4. Вртоглавица, како резултат на пад на притисокот, е еден од симптомите на бременост во првото тримесечје.

5. Подуеност и запек, како последица од пореметувањето на хормоналниот баланс поради бременост, се симптоми на бременост.

6. Бременоста го ослабува имунитетот, затоа не е невообичаено бремените жени да настинат во првите недели од бременоста. Ако сте настинати, покрај другите симптоми, одете на гинеколошки преглед.

7. Вкусот на метал во устата, како резултат на зголемувањето на естрогенот и прогестеронот во организмот, може да биде симптом на бременост.

Фото: Freepik

loading...