Еве која храна е забранета во училиштата во Јапонија

Според Американката Мораја, која со семејството се преселила во Јапонија, во училиштата не се дозволени чипсови, бисквити, крекери и гумени бонбони. Наместо сок, пијат вода или чај.

96

Во 1986 година докторот и фармацевт Саген Ишизука ја смислил јапонската филозофија наречена „шокуику“. Филозофијата била изведена од два збора што значат „јаде“ и „расте“.

Шокуику ги охрабрува родителите и училиштата да ги поучат децата од каде доаѓа нивната храна и како таа влијае врз нашиот ум и тело.

Овој концепт е дел од јапонската култура и е голема причина зошто оваа земја е дом на најздравите деца во светот.

Според податоците на УНИЦЕФ, меѓу 41 развиена земја од Европската Унија и земјите од организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Јапонија е единствената земја во која помалку од едно од пет деца има прекумерна тежина.

Јапонските лекари ги охрабруваат идните мајки да следат балансирани оброци наречени „ичију-сансаи“.

Во центарот е чинија со ориз и мисо супа, проследено со јадење фокусирано на протеини и со два прилози со зеленчук (на пример, алги или печурки) за соодветни витамини, минерали и влакна.

Како што растат децата, тие почнуваат да учат за здравите навики во исхраната.

Во 2005 година владата го усвои основниот закон „шокуику“ за промовирање на „шокуику“.

Во некои предучилишни установи децата берат зеленчук за ручек, додека во основните училишта учат за фармите кои произведуваат зеленчук, риба и друга храна.

Исто така, има храна која е забранета во образовните институции.

Според Американката Мораја, која со семејството се преселила во Јапонија, не се дозволени чипсови, бисквити, крекери и гумени бонбони. Наместо сок, пијат вода или чај.

@momentswithmoriah

Replying to @Weeb66 2x speed if ya need, most of the details were needed to understand it better 😅 bento bentobox japan okinawa 弁当

♬ original sound – Moriah 🌸 life in Japan

„Нема никакви слатки и ништо што се смета за брза храна“, открива таа на нејзиниот профил на Тик-Ток“.

За да се уверат дека родителите ги почитуваат правилата, наставниците ги проверуваат кутиите за ручек на учениците и ако најдат нешто што не треба да биде таму, можат да им го земат или да разговараат со родителите.

Иако ова може да звучи екстремно за некои, Мораја тврди дека нејзиниот син никогаш не се хранел поздраво и подобро отколку во Јапонија.

Повеќе