Мрзливите родители одгледуваат посамостојни деца?

Мрзеливоста не е добра работа, во повеќето случаи. Сепак, има случаи кога е добра работа, односно, води кон добри работи… Ќе објасниме, секако, но добро е да се слушне дека понекогаш е добро да се биде мрзлив родител.

53

Родителите отсекогаш биле тука за да им помогнат на децата, да бидат тука за нив, да им ги олеснат работите, бидејќи на крајот на краиштата, тие се родители кои ги сакаат своите деца.

Но, некако, со текот на годините, децениите, сè отиде можеби малку предалеку.

Затоа што едно е да му помогнете на детето да испече колач, а сосема друго е да му го сечете овошјето на парчиња и да му мачкате леб.

Денес имаме „ново нормално“ по ова прашање…

Една мајка објави видео на Тик-Ток во кое ги повикува родителите да бидат помрзливи кога станува збор за помагање на децата.

Откако разговарала со друг родител, мајката Леа Ова сфатила дека не се сите деца независни и самостојни како нејзините и дека нејзината тајна е во малку мрзеливост.

Затоа сакала да ги сподели своите ставови и начинот на кој ги осамостојувала своите деца со другите родители.

„Неодамна не посетија пријатели. Едно од нивните деца е една година постаро од моето најстаро.

И мојата пријателка рече: „Нешто правам погрешно.“

Јас реков: „Што правиш погрешно?

Таа рече: „Вашите деца се толку независни. Одат сами да си направат храна. Си земаат ужинка.

Сами си го мачкаат печивото“, се потсетува оваа мајка во видеото на Тик-Ток.

Јас ѝ реков: „Едноставно треба да бидеш помрзелива“.

@leahova

Kids love to feel independent, as long as they know you’ll be there if they need you #parenting #lazy

♬ original sound – Leahova

Мајката Леа верува дека многу родители премногу им помагаат на своите деца.

Сето ова е со добра намера, но на крајот испаѓа малку погрешно, односно има последици за кои не размислуваме однапред.

„Како велат дека најдобрата форма на родителство е многу внимание, но малку мешање?

Мислам дека е тоа решението. Бидете таму ако им требате.

Но, само кажете: „Душо, јас пијам кафе. Може да си го земеш тоа сам“, продолжила таа.

Леа се присетила и на времето кога нејзините деца ги носеле своите пријатели да си играат и тие сакале нешто да јадат.

Таа им рекла да земат јаболка, а тие ја прашале дали ќе им ги исече јаболката.

„Ги прашав: „Не знаете ли да јадете јаболко кога не е исечено?“, вели Леа и додава дека ѝ се чини дека навистина има 10-годишни деца кои не знаат да јадат јаболко кога не е исечено…

„Секогаш можете да препознаете деца чии родители прават буквално сѐ за нив.

И сакам сите да знаете дека можете да бидете помрзеливи.

Искрено, тоа е нешто што веројатно ги прави вашите деца подобри.

Треба да бидете повеќе мрзливи како родители“, ги повикала Леа другите родители.

Откако нејзината објава станала вирална, многумина го кажале своето мислење за ваквиот нејзин став.

„Тоа не е мрзливо родителство, тоа е одгледување способни луѓе!“, напишал еден корисник.

Повеќе