Грифинг, Аутинг, Флејминг: Термини кои родителите МОРА да ги знаат и сериозно да ги сфатат

Сленгот што се користи кај адолесцентите може да укаже на малтретирање преку интернет и терминот „сајбер-малтретирање“ е важно да се сфати сериозно и да се разбере со цел да се препознаат однесувањето и знаците на малтретирање преку Интернет.

56

Дигиталниот свет носи многу предизвици, особено за родителите кои се обидуваат да ги разберат ризиците со кои се соочуваат нивните деца на интернет.

Додека Интернетот обезбедува бескрајни можности за учење, забава и комуникација, тој исто така крие различни форми на сајбер малтретирање што може да има сериозни последици врз емоционалната и психолошката состојба на детето.

Корисниците од сите генерации треба да се поттикнат да го користат интернетот одговорно и безбедно, правејќи го побезбедно место за едукација, забава и комуникација.

Термините за сајбер-малтретирање се развиваат паралелно и брзо како Интернетот и онлајн игрите.

Иако сајбер-малтретирањето изгледа различно од традиционалното малтретирање, исходот е ист. Поентата на сајбер малтретирањето е да предизвикате негативни емоции кај некој друг.

Сленгот што се користи кај адолесцентите може да укаже на малтретирање преку интернет и терминот „сајбер-малтретирање“ е важно да се сфати сериозно и да се разбере со цел да се препознаат однесувањето и знаците на малтретирање преку Интернет.

Додека читате, имајте на ум дека сајбер-малтретирањето не е ограничено на социјалните медиуми и онлајн форумите; термините се користат и во онлајн видео игрите.

Три форми на сајбер малтретирање за кои малку се зборува, но ги има многу

Флејминг
Слично на вознемирување, но се однесува на огнена расправија (оттука и името: flame англ- оган) на мрежа која се разменува преку е-пошта, пораки, виртуелни простории за разговор и онлајн видео игри со повеќе играчи.

Вклучува лични навреди и вулгарни и лути зборови и е многу агресивен облик на заплашување. Насилниците кои се занимаваат со флејмиг користат големи букви, слики и симболи за да додадат емоции на нивниот аргумент.

Навредите се однесуваат на раса, пол, сексуална ориентација, економски статус, изглед итн. Таквото однесување е опасно и може да има сериозни последици, а флејмерите бараат внимание.

Не е важно дали вниманието е позитивно или негативно, сѐ додека добиваат внимание и реакција, не престануваат.

Флејмингот е сериозна форма на сајбер малтретирање и може да понижи личност или да ја направи многу тажна, па дури и депресивна.

Аутинг

Претставува многу сериозна форма на онлајн насилство. Првично дефинирано како „откривање на нечија сексуалност без негова согласност“, outing денес претставува и излегување значи и споделување туѓи лични или срамни информации, фотографии или видеа.

Тоа е намерен чин на јавно понижување на вашето дете со објавување чувствителни, приватни или засрамувачки информации без негова согласност.

Затоа, научете го вашето дете дека личните податоци не треба да се споделуваат и ако некој намерно открие приватни информации, погрижете се вашето дете да знае да го пријави тоа како сајбер-малтретирање.

Грифинг

Тоа е чин на иритација и лутење на луѓето, главно (но не исклучиво) во видео игрите.

Овој термин му се дава на секој чин во кој играчот саботира или попречува друг играч, му ги краде виртуелните предмети (познати и како алчна игра), намерно ги иритира другите играчи или вербално малтретира други за време на разговорот во играта.

Со други зборови, го саботира другиот играч. Експертите за сајбер-малтретирање го споредуваат грифингот со демнењето затоа што некој што користи ваков тип на малтретирање може да се прикраде до друг играч и да уништи сѐ што изградил. Во тој тип на опкружување, меѓу збир од странци, релативно е лесно играчите да се чувствуваат изолирани.

За жал, токму тоа чувство на изолација и анонимност може да биде совршена темна завеса за девијантно однесување. Убедени дека имаат карт бланш за анархично однесување и уништување, играчите кои грифуваат не сфаќаат дека последиците од нивните постапки или коментари во виртуелниот простор се исто толку важни како и во реалниот свет.

Запирањето на таквите играчи значи вашето дете да научи да се бори против таквите „играчи“ и во реалниот свет.

Што можат да направат родителите?

Започнете со слушање кога вашиот тинејџер сака да зборува. Врсниците можат да бидат злобни на многу начини, онлајн и офлајн, па затоа е важно вашето дете да знае дека може да ви се обрати во секое време.

Секоја шега сфатете ја сериозно бидејќи има многу тенка линија помеѓу „ох, само се шегуваме“ и сериозно насилство.

Бидете потпора, „Големиот брат“ од сенка и сигурна куќа за вашето дете и лесно ќе научи да плива во виртуелните мориња без многу бури и бранови во тие услови.

Во денешниот дигитален свет, од суштинско значење е да се развие знаењето на децата и родителите за потенцијалните ризици и заштитни мерки, бидејќи превенцијата е најдобриот штит од сите опасности на интернет.

Повеќе