Ако не сакаш да си одиме, одам јас сама: Еве што прават повеќето родители по парковите

Инес Мартиновиќ, магистер по примарно образование, едукаторка по интегративна телесно ориентирана психотерапија и мајка, забележала една работа што родителите ја прават кога се со децата во парк, а не би требало да ја прават.

166

Одењето во парк е вообичаена рутина за родителите. Активностите на отворено им даваат можност на децата да се дружат, а во исто време да бидат на чист воздух. Овие заеднички искуства често се драгоцени моменти за целото семејство. Но, Хрватката Инес Мартиновиќ, магистер по примарно образование, едукаторка по интегративна телесно ориентирана психотерапија и мајка, забележала една работа што родителите ја прават кога се со децата во парк, а не би требало да ја прават.

Таа зборува за тоа на Тик-Ток, кадешто објави видео за методот што многу родители го користат кога е време да го напуштат паркот.

@ines_martinovic

Još nešto što nije stalo u video: Nakon uvažavanja emocija djetetu možeš ponuditi dva izbora, npr: “Želiš li da do kuće hodamo ili da skačemo kao žabe?” Možeš i osmisliti neku igru, samo je važno da ta igra ne bude distrakcija u emocijama nego da prije toga dozvoliš emociju. Poanta svega je da granice i uvažavanje emocija itekako mogu ići zajedno! 🙂 Svi moji priručnici i edukacije te uče upravo toj “zlatnoj sredini” koja je zapravo puno jednostavnija nego što se čini jednom kad je savladaš ✨ Naručiti ih možeš porukom u DM ili na web stranici www.inesmartinovic.com.hr #foryoupage #odgoj #roditeljstvo

♬ Inspiring Emotional Piano – Metrow Ar

„Гледам дека родителите, кога е време да си одат дома од паркот, а детето не сака затоа што му е забавно, велат: „Во ред, тогаш си одам сам!“ „Тоа функционира ако детето соработува и тргне со родителот. Но, со тоа само го плашиме детето дека можеме да го оставиме“, вели таа.

Инес вели дека не треба да останеме во парк додека детето сака ниту да го молиме до недоглед за да си одиме дома. Таа советува што би можеле да направат родителите наместо да користат празни закани.

„Пред да одите во парк, кажете му на вашето дете каков е отприлика планот. На пример, објаснете му дека ќе одите во парк на кратко, а потоа ќе мора да одите дома на ручек. Кога е време да одите дома, можете да му најавите дека за десет минути ќе треба да си одите“, советува таа.

Тврди дека е клучно да му соопштите на детето кога ќе си одите за да може да се подготви за тоа. Таа, исто така, дава и неколку совети во случај детето да каже дека не сака да оди.

„Прво, испочитувајте му ги емоциите и покажете разбирање, но одржувајте ја границата. Откако ќе ги уважите емоциите на детето, можете да му понудите два избора. На пример, можете да го прашате дали сака нормално да си оди дома или да скока како жаба. Можете да смислите и некоја игра. Детето смее да е незадоволно, но не треба да останувате во паркот поради тоа. Во ред е сепак да го напуштите паркот и да го утешите детето ако е тоа потребно“, заклучила Инес.

Повеќе