Ако вашето дете е малтретирано, никогаш не ја користете оваа фраза

Според психолозите, родителите често не знаат како да реагираат кога ќе дознаат дека нивното дете е малтретирано, па често знаат да кажат една фраза која може да направи повеќе штета отколку корист

148

Врсничкото насилство има многу форми, но за сите нив е заедничко тоа што децата изложени на овој вид на злоупотреба обично се омаловажувани и социјално отфрлени и минуваат низ некои форми на агресија. Било да е вербално или физичко, насилството меѓу врсниците е сè уште една од најжешките теми, најчесто во училиштата. Како што објаснуваат психолозите, родителите често не знаат како да реагираат кога ќе дознаат дека нивното дете е малтретирано.

Наместо тоа, тие често знаат да кажат една фраза која може да направи повеќе штета отколку корист, пренесува Your Tango. „Тој/таа е само љубоморен/љубоморна“, е реченицата која многу родители ја користат кога ќе слушнат дека нивното дете е жртва на малтретирање од некој негов врсник. Секако, можеби насилникот или детето е навистина љубоморно, но психолозите нагласуваат дека љубомората никогаш не е причина зошто децата се сурови, а уште помалку е оправдување.

И иако намерите на родителите кога ја користат оваа фраза можеби се добри, таа всушност е доста опасна. Еве зошто.

Една од причините е што обвинувањето на љубомората ја става вината директно врз малтретираното дете. Како што велат психолозите, поради ова верување детето може да добие впечаток дека е одговорно за малтретирањето, што не е точно. Детето може да се чувствува уште полошо, несигурно и може да биде повеќе склоно кон депресивни мисли.

Исто така, оваа вообичаена фраза за љубомората ја намалува или целосно ја отстранува одговорноста од детето кое малтретира друго дете. Љубомората никогаш не е оправдана причина за суровост, објаснуваат психолозите.

Повеќе