Стјуард сподели совети кои ќе ги спречат детските изливи на бес во авионот (ВИДЕО)

Пред сѐ, стјуардот ги советува родителите да стигнат на време на аеродромот. Исто така, ги моли родителите да ги земат со себе сите работи на кои децата се навикнати дома.

80

Смирувањето на децата за време на авионскиот лет можеби изгледа како невозможна мисија, но стјуардот Кевин има неколку корисни трикови кои ќе им помогнат на родителите на малите деца кои летаат за првпат.

„Првата работа што треба да ја направите е да го прифатите фактот дека е можно вашето дете да плаче за време на летот. Единствена работа што иритира повеќе од дете што вреска и плаче е некој што не престанува да се жали дека детето вреска и плаче во авионот“, вели тој во видеото објавено на Тик-Ток.
Според Кевин, за да се избегне стресот за вас или за вашите деца, клучно е да стигнете навреме на аеродромот. Тој, исто така, ги моли родителите да ги земат со себе сите работи на кои децата се навикнати дома.
„Дефинитивно би земал грицки и вода. Според искуствата на патниците, слетувањето може да биде страшно и непријатно за децата, но им помага ако тогаш нешто јадат затоа што голтањето може да им помогне помалку да ги болат ушите“, додава тој.

Според Кевин, нема проблеми со децата во авионот сè додека не трчаат нагоре – надолу по патеките и не ги дробат кексите по подот.

@ichbinvin

Replying to @kiley and lily

♬ original sound – keVin
Повеќе