Бројам до 3! Еве ја грешката која најчесто ја правиме кога им поставуваме граници на децата

Ако ниту еден од оние начини на кои му кажувате на вашето дете да направи нешто не ви успева, веројатно правите нешто погрешно

262

Поставувањето граници е нешто што на многу родители не им се допаѓа, во што многумина грешат, некои се престроги, некои се преблаги. Но, се чини дека е најважен начинот на кој ги поставуваме.

Поставувањето граници за децата често е нешто што не го планираме однапред, особено кога зборуваме за физичките граници поврзани со секојдневната игра или обврските. Во еден момент вашето дете мирно си игра во песок, а во следниот миг виси од дрвото со главата надолу. Во тој момент реагирате во истиот момент: Веднаш симни се од таму!

Следниот чекор – бидејќи првиот не ја донел посакуваната реакција – е одбројувањето, се разбира. „Добро, бројам до 3! Еден, два, три…“ И конечно, се разбира, доаѓа единствениот можен избор што секој родител ќе го разбере: „СИМНУВАЈ СЕ ВО ОВОЈ МОМЕНТ!“

Но, ниту еден од нив не ви успева и ниту еден од нив не го поттикнува вашето дете да ја направи вистинската работа – да ве послуша.

Д-р Беки Кенеди, психолог и авторка на книгата „Good Inside: A Guide to Becoming the Parent You Want to Be“, вели дека има причина зошто ваквото поставување на граници не влијае добро на децата, односно, зошто тие не го прават тоа што им го велиме. Имено, додека ги кажуваме овие зборови, дури и да го правиме тоа со цврст и одлучен тон, тоа всушност не се граници, туку е секогаш барање.

Д-р Кенеди вели: „Премногу често ми доаѓаат родители и ми велат: ‚Моите деца не слушаат!’ Но, тогаш го слушам она што тие го опишуваат како поставување граници: „Не разговараме со луѓето на тој начин“ или „Симни се од каучот“ Тоа се барања. Поставување граница е нешто друго.

Ако на тој пример од игралиштето на почетокот на приказната примениме поинакво сценарио на него, добиваме нешто друго. Прво се обидуваме, „Хмм, треба да се симнеш од тоа дрво“. Ако нема одговор, продолжуваш со поинаков тон, отприлика вака, детално: „Ако ти е премногу тешко да ме слушаш, ќе дојдам, ќе те симнам од тоа дрво, ќе те спуштам на земја и ќе ти покажам каде можеш да се качиш“.

Тука станува збор за точен опис на тоа што ќе се случи ако детето не послуша, наместо она пасивно стоење и кажување на детето едноставно да послуша. Кога точно и детално ќе ја нацртате вашата граница, ја елиминирате ситуацијата во која вашето дете „не може да го слуша“ вашето викање. Со други зборови, границата е јасна колку што ја изговараме јасно и прецизно.

Значи, само треба да се вооружите со нерви и да го проширите својот вокабулар што е можно повеќе. И на крајот, секако ви останува опцијата да викате, тоа секогаш го имате… Понекогаш може да се пошегуваме, нели?

Повеќе