Да се биде осамен е полошо од пушењето 15 цигари дневно, а младите се поосамени од нивните баби и дедовци

Истражувањето на 20.000 Американци открило дека младите се поосамени од нивните баби и дедовци. Во однос на здравствените ризици, осаменоста веќе стана хронична болест.

208

Помеѓу вестите кои се депресивни, но не и навистина изненадувачки, е и оваа за истражувањето на 20.000 Американци кое открило дека младите се поосамени од нивните баби и дедовци. Во однос на здравствените ризици, осаменоста веќе стана хронична болест.
За генерацијата Z (млади на возраст од 18 до 22 години) резултатот е најлош, со бодови за „осаменост“ некаде околу 48, додека луѓето над 72 години постигнаа околу 39.

А далеку најлошо е откритието дека осаменоста има ист ефект врз смртноста како и пушењето 15 цигари дневно, што ја прави осаменоста поголем ризик за здравјето отколку дебелината.

Националното истражување спроведено од компанијата за здравствено осигурување Cigna е полно со вакви „весели“ факти.

„Како се добиваат бодови за осаменост?“, веројатно се прашувате. Тоа всушност е засновано на скалата на осаменост, прашалник со 20 прашања кој лично ја проценува осаменоста и социјалната изолација, кој е осмислен на универзитетот UCLA.

Студијата, исто така, открива дека младите луѓе со највисоки стапки на користење на социјалните медиуми ги имаат истите чувства на осаменост како и оние кои воопшто не ги користат.

Смислено дружење
„Смислената социјална интеракција е она што ги прави луѓето да се чувствуваат подобро“, вели извршниот директор на Cigna, Дејвид Кордани. И гледањето во нечиј профил или смешни видеа со мачки или мали деца или видеа во луѓето паѓаат или… очигледно не се брои.

Така, во прашалникот, повеќе од половина од испитаниците од генерацијата Z штиклирале десет од 11-те чувства поврзани со осаменоста, додека повеќе од 90 проценти од луѓето над 72-годишна возраст изјавиле дека се чувствуваат „поврзани со другите“.

Ако се прашувате како дошле до аналогијата со цигарите, тоа е затоа што осаменоста води до стрес, а хроничниот стрес доведува до хронични воспаленија. Дополнително, се повеќе лекари бараат осаменоста да се категоризира како хронична болест.

Истражувањата, сепак, откриваат начини на кои може да се ублажи осаменоста. Тие се прилично очигледни: спијте, поминувајте време со семејството, вежбајте и не работете премногу.

Сите овие активности значат дека треба да го оставите телефонот, дури и ако студијата конкретно не тврди дека социјалните мрежи предизвикуваат депресија, тоа веќе го знаеме од претходните студии.

Од друга страна, погледнете ги вашите баба и дедо. Можеби немаат поим што се случува на интернет, но сигурно нема заради тоа да ги изеде стрес.

Повеќе