Децата од дигиталната ера не знаат да гледаат на обичен часовник

Теоријата е дека помладите милениумци кои растат со тони дигитални уреди кои го покажуваат времето само дигитално, не знаат да гледаат на часовници со стрелки. Освен тоа, британски лекар предупреди уште пред неколку години дека поради прекумерната употреба на технологијата децата повеќе не знаат да држат ниту молив.

209

Колку и да е генијален животот во ова дигитално време, тоа има некои навистина лоши страни. На пример, има ученици кои „не знаат“ да толкуваат аналоген, односно, часовник со стрелки, а има и наставници на кои им е полесно да ги отстранат часовниците отколку да ги научат децата како „да гледаат во часовникот“.

Така, уште пред неколку години наставниците во Велика Британија решија да ги заменат аналогните часовници со дигитални, бидејќи учениците постојано се жалеле дека имаат проблем да го читаат точното време на стрелките на часовникот, што е особено проблематично за време на важни испити.

Теоријата е дека помладите милениумци растат со тони дигитални уреди кои го покажуваат времето само дигитално, а никој не сака да се помачи за да ги научи како да гледаат во часовникот со стрелки.

„Тие се навикнати на дигитален приказ на времето на нивниот телефон, на нивниот компјутер. Речиси сè што имаме е дигитално, така што младите се изложени на времето само во дигитална форма“, вели Малколм Троуб, заменик генерален секретар на Асоцијацијата на училишта и колеџи во Велика Британија.
Тој исто така вели дека „наставниците сакаат учениците да се чувствуваат што е можно поопуштено за време на тестовите. А традиционалниот часовник во училницата може да биде причина за непотребен стрес“, вели тој. „Не сакате постојано да ги имате рацете во воздух и прашања за тоа уште колку време останува до крајот на тестот“.

Се чини дека ова е вистински проблем со кој наставниците се соочуваат веќе некое време:

Пред некоја година британски лекар предупреди дека поради прекумерната употреба на технологијата децата денес имаат проблем и со држење на обичен молив.

Сели Пејн, која ја предводи британската асоцијација на професионални педијатриски терапевти, вели дека во училиштата има се повеќе деца кои не знаат да држат моливи.

„За да можете да фатите молив и да го движите, потребна ви е силна контрола на фините мускули на прстите. „На децата им треба многу време за да ги развијат овие вештини“, вели таа.

„Полесно е да му дадете на детето iPad отколку да го поттикнете на игри кои ги развиваат мускулите, како што се игрите со коцки, сечење и лепење, играчки на повлекување или плетење врвки. Поради ова, тие не ги развиваат основните вештини што им се потребни за да држат молив“, рекла таа.

Повеќе