Дали детето е често уморно? Можеби му недостасува овој важен витамин

За разлика од другите витамини, Б12 го нема во овошјето и зеленчукот бидејќи растенијата не го произведуваат.

417

Ако детето често се жали дека е исцрпено или уморно, освен недостаток на сон, може да му недостасува и одреден витамин во телото. Како што објаснуваат педијатрите, заморот може да биде знак за недостаток на витамин Б12, клучен витамин кој на детето првенствено му е потребен за производство на црвени крвни клетки и ДНА.

Освен тоа, многу студии покажуваат дека овој витамин е заслужен за одржување на здравјето на нервниот систем. За разлика од другите витамини, Б12 го нема во овошјето и зеленчукот бидејќи растенијата не го произведуваат. Наместо тоа, детето најчесто може да го добие преку месо, главно пилешко или мисиркино месо и млечни производи.

Благодарение на тоа што овие намирници се лесно достапни, недостатокот на витамин Б12 не е честа појава. Доколку се случи, децата најчесто се жалат на замор или исцрпеност, а се јавува и бледа кожа на лицето, мускулна слабост, проблеми со концентрацијата или меморијата и дигестивни нарушувања.

Повеќе