Зошто јаткастите плодови се совршена формула за мажи?

Истражување покажало дека учесниците кои јаделе јаткасти плодови пет пати неделно имале 34% помал ризик од смрт од рак на простата отколку мажите кои јаделе јаткасти плодови еднаш месечно или помалку.

117

Јаткастите плодови, вклучувајќи бадеми, ореви, лешници и други видови јатки, се одличен додаток во исхраната за мажи. Искористете ги сите придобивки од јаткастите плодови и подобрете го вашето машко здравје.

Постојат многу причини зошто мажите треба да вклучат јаткасти плодови во исхраната, а овде ќе истражиме некои од нив.

Мажите кои боледуваат од рак на простата ќе го намалат ризикот од смртност за една третина доколку јадат јаткасти плодови редовно, секој ден, пет дена во неделата, покажа големото истражување спроведено на Харвард, објавено во списанието British Journal of Cancer.

Во истражувањето учествувале 47.000 мажи постари од 26 години, а на 6.800 од учесниците им бил дијагностициран рак на простата.

Јаткастите плодови се богати со токоферол, вид на витамин Е за кој некои претходни студии покажале дека е ефикасен во борбата против ракот.
Учесниците кои јаделе јаткасти плодови пет пати неделно имале 34% помал ризик од смрт од рак на простата отколку мажите кои јаделе јаткасти плодови еднаш месечно или помалку.

Редовното консумирање јаткасти плодови може да го намали ризикот од разни хронични болести, вклучувајќи срцеви заболувања, дијабетес и одредени видови на рак.

Јаткастите плодови се извор на фолна киселина, која е важна за одржување на здравјето на срцето, но и за машката плодност. Конкретно, две раце ореви дневно го подобруваат квалитетот на спермата во смисла на виталност, подвижност и морфологија, покажала студијата на UCLA.

Повеќе