Дали родителите влијаат на нарушувањата во исхраната кај децата и дали можат да ги спречат?

Експертите Рамзи и Дјук укажуваат на „културата на исхраната“, термин што го користат многу активисти за да ја опишат опсесијата со губење на тежината низ општеството, до степен до кој тоа се гледа како постојана цел и како решение за неповрзани проблеми.

446

Набргу откако американската јавност дозна за нарушувањата во исхраната во 70-тите, беше објавено и дека тие биле предизвикани од родителите – особено од мајките. Во 1978 година, германскиот психолог Хилде Бруч, која се смета за пионер во лекувањето на анорексијата, во својата книга теоретизирала дека оваа состојба е предизвикана од мајките кои толку многу ги контролирале своите деца што не им дозволувале да развијат квалитетно чувство за самосвест.

До крајот на 1990-тите, овој наратив еволуираше така што сугерираше дека родителите влијаат на исхраната на нивните деца не негативно преку емоционално мешање, туку преку нивните сопствени ставови за храната и тежината.

Како што се испостави, денес нема докази дека однесувањето на родителите предизвикува нарушувања во исхраната.


„Родителите погрешно се обвинуваат за нарушувања во исхраната со децении“, напишала за Ромпер, д-р. Синтија Булик, основач на Центарот за нарушувања во исхраната на Универзитетот во Северна Каролина. Во последните две децении, се појавија нови докази за тоа што предизвикува некоја личност да развие нарушувања во исхраната. Највпечатливо беше откритието дека генетиката предизвикува некаде помеѓу 40 и 60 проценти шанси да развијат нарушување во исхраната.

Спротивно на тоа, истражувачите не нашле докази дека стилот на родителство или родителското однесување предизвикуваат нарушувања во исхраната, а не затоа што не ги барале. „Имаше многу истражувања кои се занимаваат со причините за нарушувања во исхраната“, вели д-р Сц. Ејлин Вајт, клинички доцент на Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд.

Ова може да биде добра вест за родителите, а особено за мајките. Но, дури и да не ги предизвикуваат, мајките си го наметнуваат како императив спречувањето на нарушувањата во исхраната што може да ги имаат нивните деца.

Експертите Рамзи и Дјук укажуваат на „културата на исхраната“, термин што го користат многу активисти за да ја опишат опсесијата со губење на тежината низ општеството, до степен до кој тоа се гледа како постојана цел и како решение за неповрзани проблеми.

Престанете со нагласувањето на „здравата исхрана“


Звучи како ерес да им кажеш на луѓето да престанат да се грижат толку многу за здравата исхрана: „Ако имате 10 диететичари на една маса за дискусија, тие нема да можат сите да се согласат“, вели едукаторката за исхрана Ема Вајт. Недостигот на консензус за тоа што е точно „здрава исхрана“ не значи дека вие и вашето семејство треба на неодредено време да јадете преработена храна и слатки. Овие ознаки се субјективни и нивната употреба нема да го подобри нашиот севкупен квалитет на живот. Наместо тоа, имаат спротивен ефект.

Рајт советува пристап кон хранењето на децата што е во спротивност со речиси сите форми на маркетинг. Не размислувајте премногу за хранливата содржина на одредени видови храна – за себе или за вашите деца. Кога планирате оброци, одете на разновидност, внимавајте да бидат застапени сите групи на намирници во вашата исхрана, а потоа фокусирајте се што е можно помалку на вистинската храна, вели Рајт. „Она што можеме да го моделираме е разликата помеѓу неуредната исхрана и исхраната со која не треба да претеруваме.

Целта е да се одгледа компетентен јадач


Одете на она што Институтот Сатер го нарекува „компетентна исхрана“. Дете кое јаде компетентно:

Ќе проба некоја нова храна (иако можеби сè уште ќе биде „пребирливо“).
Може доброволно да дојде на маса.
Ги слуша неговите внатрешни знаци на глад и ситост.
Може да јаде многу во еден оброк, а малку во следниот.
Ужива во контекстот на оброкот – друштво, разговор, околина и/или прилика.

Не нарекувајте одредена храна „лоша“, „ѓубре“, „грешна“ или показател за лоша самодисциплина. „Многу е тешко да му помогнете на вашето дете да има здрав однос со храната кога ја демонизирате храната“, забележува Рајт.

Не ја фокусирајте вашата пофалба на тоа како изгледаат луѓето

Пофалете ги другите за нивните внатрешни атрибути. Веројатно тоа е вредност што веќе ја прифаќате, но обрнете внимание на тоа колку пати ги поздравувате луѓето со комплимент за тоа како изгледаат.

Повеќе