Дали создаваме спомени или материјал за фалење? Со брзина од две трепнувања нашите „спомени“ стигнуваат во уште илјадници куќи

Ние им се чудиме на децата, а не им се чудиме на возрасните, особено на родителите кои во секој семеен бакнеж ги вметнуваат „пријателите“ од социјалните мрежи.

112

Верувам дека и најдобрите водители во светот, професионалците, го менуваат своето однесување пред камера. Без разлика на овој факт, ние ја „убиваме“ спонтаноста на важните моменти на нашите семејства со правење на „спомени“.
Со брзина од две трепнувања нашите „спомени“ стигнуваат во уште 1.000-10.000 куќи.
Се разбира, не е секогаш така, но е многу често.
Овој феномен јасно покажува колку ни е потребна потврда за нашите вредности и восхит од околината, за да ги пополниме празнините во нашите животи.
Причините се познати и многубројни, а потребата за потврда на нашите избори, емоции, убавина, добрина… има врска со сѐ и со секого, а најмалку со создавање спомени.

И тоа е во ред, ако нема трети лица, туку се снимате себеси како го чекате дечкото на станица, но не го влечете во кадар кога ќе пристигне уморен, тоа е само ваш момент.

Правиме изненадување за некоја драга личност и во ред е да снимиме малку украсување, самите себе, но дополнително да се оптоварува славеникот со камера – не разбирам.
Речиси сум сигурна дека фотографијата од настанот е сосема доволен спомен и дека овој момент е наменет само за присутните. Или целата приказна е фарса? Не можам а да не се запрашам. На „изненадениот“ секако не му е лесно, тоа сите го знаеме.

Најболното за мене е снимањето и споделувањето на разговорите со децата или со своите родители во обид да се добијам неколку лајкови на некои нивни несмасни коментари.
И така натаму..

Познатата реченица: „Нека прави што сака“, се чини, ретко се користи на вистинските места. И во овој случај, на таа популарна реченица ѝ недостига „НА СЕБЕ“.

Значи „секој нека си прави што сака себеси“

Себеси, не на вашите деца, пријатели, партнери….

„Јас имам, а ти немаш…“
„Ние се сакаме повеќе од вас…“
„Погледнете колку сме богати…“
„Нашето дете е подобро од вашите деца.

Нема такво нешто на мрежите, само спонтани спомени.

Доволно е да си го поставиме прашањето – „Зошто сакам да го споделам ова со голем број луѓе“ и искрено да одговориме.

Секој си прави што сака и има свое мислење, па ни овој текст не е стручен. Кога би се тешеле.

Текстот е од ТУКА, а ние целосно се согласуваме со него.

Повеќе