Дали старите татковци се себични? Татковството по 55 години значително го зголемува ризикот од аутизам

По 50-годишна возраст, мажите имаат 10 пати поголема веројатност да имаат дете со аутизам отколку мажите во нивните 20-ти. Исто така, се верува дека постарите татковци имаат поголем ризик да имаат дете со џуџест раст, дете со одредени психијатриски нарушувања како шизофренија и биполарни и кардиоваскуларни состојби.

171

Раѓањето на седмото дете на Роберт Де Ниро (79) повторно ја разгоре дебатата за возраста на која луѓето повеќе не треба да се обидуваат да имаат деца. Денес многу луѓе се одлучуваат на тој чекор подоцна во животот, а повеќето се свесни дека тој носи одредени ризици.

На пример, една голема студија објавена во 2006 година покажа дека ризикот од аутизам се зголемува како што мажот старее. По 50-годишна возраст, мажите имаат 10 пати поголема веројатност да имаат дете со аутизам отколку мажите во нивните 20-ти. И секоја деценија после тоа, ризикот се удвојува.

Студијата од 2018 година, која користеше податоци од повеќе од 40 милиони раѓања во САД, покажа дека татковците над 45 години имаат 14 отсто поголеми шанси од татковците во нивните 20-ти и 30-ти да добијат предвремено родени и со мала тежина.

Исто така, се верува дека постарите татковци имаат поголем ризик да имаат дете со џуџест раст, дете со одредени психијатриски нарушувања како шизофренија и биполарни и кардиоваскуларни состојби.

„Ризично е да се има дете на постара возраст, бидејќи постарите родители не се исти со 20-годишните родители“, изјави докторот Стјуарт Фишер, кој се осврна и на случајот со познатиот актер Роберт де Ниро.

„Дали тој, како 80-годишен татко, ќе оди на бејзбол натпревар и ќе ги провери домашните задачи на своето дете? Одговорот е не, ако размислуваме само за него, а не за неговите помошници.

Просечната возраст на новите родители, особено мајките, постојано се зголемува во последните децении. Експертите веруваат дека тоа е затоа што се повеќе жени избираат прво да станат финансиски стабилни и да изградат кариера, а потоа да имаат деца.

Жените кои чекаат да имаат деца по 30-тата година се изложени на различни ризици, од вродени дефекти до хромозомски абнормалности, како што е Даунов синдром. Шансите да се роди дете со Даунов синдром се 1 на 1.250 за 25-годишна жена и 1 на 10 за 40-годишна жена. Ова се случува затоа што постарите јајце клетки се изложени на поголем ризик од неправилно разделување на хромозомите во текот на мејозата.

Повеќе