Доењето се смета за една од најмоќните способности на човекот. Кога дои, мајката буквално го храни бебето од своето тело, но доењето не е само храна. Тоа е важна можност за воспоставување поврзаност и емоционален развој. Една мајка за Инсајдер ги споделила своите искуства од доењето туѓи бебиња.
„Прв пат доев туѓо бебе во 2010 година, кога мојот најстар син имаше околу 6 месеци“, започнува таа. Нејзината пријателка имала двомесечно бебе и била многу уморна и исцрпена. „Доењето туѓи бебиња навистина не ми паѓаше напамет“, вели таа, но кога се појавила потреба да ѝ помогне на пријателката, таа ја прифатила задачата.
Тоа го смета за возвишено искуство.
„Доењето отсекогаш ми било важно“, вели таа. „Ја ценев блискоста за време на хранењето на бебето, ги сакав тие тивки моменти. Најмногу од сè, се разбира, ми недостига доењето на моите синови. Но, ми недостасуваат и оние други бебиња што ги доев. Ми недостига довербата што нивните мајки ја имаа во мене, како и малку дополнителна љубов што морав да ја дадам. Додека ги доев малку други бебиња, тие за момент станаа мои; моментот на доење доведува до тивка интимност.
После години откако ѝ помогнала на другарка ѝ, го доела и нејзиното помало дете, за да може мајката малку да се одмори. Истото и го пружиле пријателките во најтешките моменти, а еден од нив бил кога нејзиниот најстар син за малку ќе паднал во анафилактичен шок и морала итно да го однесе во болница.
Нејзината пријателка го зела нејзиното најмало дете и го доела додека таа била во болница. Тоа го смета за посебна врска меѓу нив и како што вели, тие искуства не би ги менувала за ништо.