Дали сте слушнале за ДИНК? Зошто сѐ повеќе парови го одбираат новиот животен стил?

Во последниве месеци, на интернет доминира новиот тренд на DINK (dual-income, no kids, односно, двоен приход, без деца), во кој паровите без деца го величаат својот начин на живот. Ако сте DINK, тоа значи дека ги сакате своите пари, своето време и своите патувања – за себе.

396

Сѐ поголем број на парови живеат таканаречен DINK начин на живот наместо традиционалната семејна структура која вклучува и деца. Животниот стил познат како DINK, односно, dual-income, no kids, или во превод, двоен приход, без деца, генерално, се користи за да се опише семејство каде ниту еден возрасен во партнерството нема деца и двајцата работат платени работни места.

Повеќе од половина од паровите без деца велат дека нивната одлука да немаат деца нема никаква врска со нивните кариери, според новото истражување на MarketWatch, спроведено на повеќе од 600 парови кои имаат двојни приходи, а не се родители.

Една третина од анкетираните изјавиле дека причината поради која немаат деца е тоа што сакаат да уживаат во својата финансиска слобода. Околу 62 отсто од жените и 48 отсто од мажите откриле дека нивната кариера не влијаела на нивната одлука да немаат деца.

51 отсто од испитаниците на оваа анкета се изјасниле дека никогаш не сакале деца, додека 23 отсто од нив истакнале дека можеби ќе ги сакаат во иднина. Само 25 проценти навеле дека сакаат наскоро деца.

Главните три причини што ги наведуваат се финансиската слобода, секојдневната флексибилност и недостатокот на финансии. Само една петтина изјавиле дека се „позаинтересирани за развој на кариерата“.

Новиот тренд покажува како изгледа животот без деца
Генерално, овие парови во голем дел го користеле вишокот пари за финансирање на одморите. Околу 48 отсто од анкетираните изјавиле дека нивните дискрециски приходи отишле на патувања.

Во последниве месеци, на интернет доминира новиот тренд на DINK, во кој паровите без деца го величаат својот начин на живот. Ако сте DINK, тоа значи дека ги сакате своите пари, своето време и своите патувања – за себе.

Доволни сте сами на себе и си угодувате како и кога ви одговара. Тука е и брачиот другар или партнер. Во моментов, најгледаното DINK видео на Тик-Ток го објави корисничката @engelthangov.

На снимката се прикажани двајца кои лежерно купуваат намирници и собра повеќе од 10 милиони прегледи. „Немаме деца за хранење, но имаме многу пари за трошење на слатки“, објаснува тик-токерката.

Друга раскажала како им е неа и на нејзиниот сопруг, па се спремиле, набавиле авионски билети и одлетале во Дизни во 19 часот, што очигледно би било многу потешко доколку имаат деца со нив.

Поддршка на Тик-Ток

@jennihillwrites

Is your love for money greater than your desire to have kids? Welcome to childfree Tiktok, babes! I love children and sometiiiimes I contemplate a world where I’m financially comfortable enough to have them without waving goodbye to the freedom that I have now. If could earn £150,000 a year from just 3 hours of work a day, was on track to retire at 60, and my parents were 10 years younger and able to look after the kids while me and their dad jet off on a kid-free holiday twice a year… maybe my womb would be open for business. But then I remember how terrifying pregnancy and childbirth looks aaaaaand I’m reminded once more of yet another reason I’m not having kids. 😁 #childfree #childfreebychoice #dinks #doubleincomenokids #richauntie #richauntievibes

♬ hospital beach – Cottonwood Firing Squad


Луѓето кои не сакаат да имаат деца имаат огромна поддршка на Тик-Ток, за што придонесуваат и родителите кои целата своја личност ја засноваат на децата и се огорчени кога и другите не се чувствуваат така.

Секако, има и коментатори со прашања од типот: „Кој ќе се грижи за тебе кога ќе остариш“, но во последната година популарноста на овој тренд се зголемува.

Ако семејните инфлуенсери имаат своја онлајн заедница, логично е и луѓето без деца да го прават истото – и се чини дека трендот станува мејнстрим.

Повеќе