Дали сте слушнале за ендо-френдли исхрана? Диететичарка препорачува пет намирници кои ги ублажуваат симптомите на ендометриоза

Ваквиот начин на исхрана може да биде помош при една од најболните болести кај жените

41

Нутриционистка која живее со ендометриоза, хронична и многу болна болест, ги споделува своите совети за најдобар појадок со желба да им помогне и на другите полесно да ги контролираат симптомите на оваа тешка болест.

Ендометриозата е едно од најчестите гинеколошки заболувања кај жените ширум светот. Бројот на жени кои имаат ендометриоза се зголемува од година во година. Се смета дека 200 милиони жени страдаат од ендометриоза. Тоа не е фатална болест. Сепак, може да предизвика замор, силна болка за време на менструален циклус и сексуален однос, болка при мокрење и неплодност. 

Синди Дабровска, нутриционистка специјализирана за ендометриоза, која и самата страда од болеста, ги охрабрува другите со истата дијагноза да размислат за таканаречена „ендо-френдли“ диета или едноставно да воведат неколку намирници во нивното дневно мени што ќе им помогнат да ги држат симптомите на болеста под контрола.

Ендометриозата се јавува кога ткиво слично на она што ја обложува внатрешноста на матката почнува да расте надвор од неа. Иако сè уште нема лек за болеста, постојат различни терапии, вклучително и хируршко отстранување на лезиите, кои можат да ги ублажат многу болните симптоми.

Овие симптоми често можат да бидат под влијание на исхраната, бидејќи некои видови храна можат да дејствуваат како тригери за реактивирање на болеста, додека други можат да го ублажат интензитетот на симптомите.

Во неодамнешно видео на Тик-Ток, Синди (@endo.fertility.dietitian) сподели пет намирници што ги вклучува во нејзиниот појадок, а кој е погоден за ендокрини заболувања.

Еве ги намирниците што таа ги предлага, како и објаснување зошто треба да ги вклучите во вашето мени.

Пет додатоци на појадокот кои помагаат во контролата на ендометриозата

Чаеви против воспаление

    Овие чаеви можат да вклучуваат зелен чај, мача, црн чај, улонг чај, чај од ѓумбир, чај од куркума, чај од лист од малина и други видови антиинфламаторни чаеви. Ако сакате нов начин да додадете протеини во вашиот оброк, додадете една лажица колаген во вашиот чај – советува д-р Дабровска.

    Најмалку 20 г протеини

      Протеините се важни за поддршка на имунолошкиот систем, дигестивниот систем и производството на хормони, а се исто така неопходни за заздравување на раните.

      Влакна

        Синди Дабровска ги смета за неверојатно важни за елиминација на естроген и отстранување на отпадни материи и препорачува внес од најмалку 30 г дневно.

        Здрави масти

          Во своето видео, Синди објаснува дека тие се клучни за апсорпцијата на витамини растворливи во масти, но и затоа што помагаат во одржувањето на здрава хормонална рамнотежа. Добри опции за појадок вклучуваат маслинки, авокадо, чаден лосос, јаткасти плодови, семки и путер од јаткасти плодови.

          Храна со антиинфламаторни ефекти

            Антивоспалителната храна што треба да се вклучува во појадокот секој ден вклучува: лековити и зачински билки, протеини од растително потекло, зеленчук со шарени бои, јаткасти плодови и семки, маслинки и маслиново масло, различни видови чај (како оние што веќе се споменати) и темно чоколадо.

            Уште неколку добредојдени јадења

            Оваа диететичарка, исто така, ги сподели своите препораки за антиинфламаторна храна што редовно ја консумира како дел од нејзината ендо-френдли исхрана, а тоа се:

            шумско овошје
            сардини
            маслиново масло
            мача чај
            ореви
            лосос
            какао
            куркума
            ленено семе

            Симптоми на ендометриоза

            Симптомите може да се појават за време на менструалниот циклус, но и надвор од него, а најчести се:
            карлична болка
            болна менструација што влијае на секојдневниот живот
            обилно менструално крварење
            болка за време и по сексот
            болни движења на дебелото црево при дефекација
            болка при мокрење
            тешкотии при зачнување (до 70 проценти од заболените ќе можат да забременат природно)
            замор во комбинација со кој било од горенаведените симптоми

            Повеќе