Децата единци најчесто се соочуваат со овие семејни проблеми

Децата единци немаат браќа или сестри кои најдобро можат да разберат како е да се расте во некое семејство, а во многу работи се препуштени сами на себе.

1.963

Спротивно на мислењето на многу луѓе, децата единци се соочени со различни проблеми додека

растат. Лиценцираната брачна и семејна терапевтка Сара Епштајн ги издвои најчестите семејни

проблеми со кои се соочуваат единците.

Тие немаат браќа или сестри со кои можат да разговараат за односите во семејството

Децата единци немаат други членови на семејството, како браќа и сестри, со кои можат да

разговараат за семејните настани и ситуации. Во семејствата со повеќе деца, тие можат да

разговараат меѓу себе за одлуките на нивните родители со кои не се согласуваат и да го прашаат

својот брат или сестра за мислење за темата.

Во семејствата со повеќе деца, тие можат да се поддржуваат меѓусебно во секое време и најдобро

да разберат како се чувствуваат другите поради одлуките и однесувањето на нивните родители.

Единците ја немаат оваа можност, што може да предизвика чувство на осаменост.

Родителите обично имаат големи очекувања од нив

Некои родители вршат притисок врз нивните деца да постигнат успех во области што им се важни и

што добро ќе се одразат на нив како родители. Овој притисок особено може да го почувствуваат

единците. Родителите на единци немаат повеќе деца на кои би можеле да им го посветат своето

внимание, па често од своите единци го очекуваат само најдоброто. Децата кои живеат во таква

средина можат да почувствуваат голем товар и да бидат под голем притисок и да мислат дека

нивните желби не се доволно важни.

Почесто се жртви на манипулации од нивните родители

Многу единци често се наоѓаат во центарот на расправиите меѓу нивните родители, без разлика

дали тоа им се допаѓа или не. Ако нивните родители се во расправија, децата единци често се

обидуваат да ги смират, пренесуваат пораки меѓу родителите кои одбиваат да разговараат меѓу

себе и се изложени на стрес под кој воопшто не треба да бидат. Во повеќето случаи, потешко им е

кога ќе се најдат во такви ситуации бидејќи немаат браќа или сестри од кои можат да побараат

помош, совет или утеха.

Повеќе