Децата не знаат да листаат книги, пробуваат да скролуваат како по екраните

Генерациите кои доаѓаат сè потешко прават разлика помеѓу физичкиот и дигиталниот свет.

87

Алармантен број деца што тргнуваат на училиште не знаат како правилно да ги користат книгите, а некои дури се обидуваат да ги вртат страниците со лизгање, како што прават со екранот на паметниот телефон. Ново истражување на британската добротворна организација Kindred Squared покажала дека речиси една третина од децата од предучилишна возраст не знаат како правилно да ракуваат со книга, пишува Futurism.

Проблем со основните вештини

Овој бизарен феномен не е забележан за прв пат. Истражувачите на Kindred појаснуваат дека „употребата“ на книгите се набљудува одвоено од писменоста. Фокусот е на способноста на детето интуитивно да ги врти страниците, наместо да се обидува да стапи во интеракција со нив како со екран чувствителен на допир. Иако 44 проценти од родителите сметаат дека нивното дете треба да го знае тоа, реалноста е, според анкета на 1.000 наставници, дека 28 проценти од децата не можат.

Истражувањето, кое се занимавало и со други аспекти од подготвеноста за училиште, исто така открило дека приближно една четвртина од децата не научиле да го користат тоалетот и не можат самостојно да јадат и пијат.

Влијанието на екраните врз развојот


Наодите се мрачен одраз на начинот на кој паметните телефони ги презедоа нашите животи и ги зголемуваат загриженостите за влијанието на времето поминато пред екраните врз развојот на децата. Родителите, честопати зависни од своите уреди, пренесуваат лоши навики, создавајќи генерации таканаречени „iPad бебиња“.

Врска помеѓу времето поминато пред екраните и дијагнозата на ADHD е документирана во студија која ги следела тинејџерите четири години. За децата под четири години, студија од 2023 година открила дека оние кои поминуваат неколку часа на ден гледајќи во екраните имаат поголема веројатност да ги пропуштат клучните развојни цели, вклучително и оние поврзани со јазикот, социјалните и фините моторни вештини.

Друга студија ја поврзала употребата на екран на допир кај малите деца со долгорочни проблеми со регулирањето на емоциите. Дополнителна загриженост предизвикува истражувањето врз деца под 12 години, кое покажало дека колку помлади биле децата кога добиле паметен телефон, толку е поголем ризикот од дебелина, недостаток на сон и депресија.

Нови предизвици со вештачката интелигенција

Во меѓувреме, вештачката интелигенција – за која технолошките гиганти инвестираат милиони долари за да ја донесат во училиштата – додава нова димензија на ризик на овие веќе и онака зависнички апарати. Многу деца и тинејџери развиваат односи со своите придружници со вештачка интелигенција, додека некои родители дури и ги смируваат своите деца дозволувајќи им да разговараат со гласовните асистенти базирани на вештачка интелигенција со часови.

Училиштата преземаат мерки
Ваквите загрижености ги натераа некои училишта целосно да ги забранат паметните телефони. Иако наставниците велат дека мерките веќе ја подобриле атмосферата во училиштата, тие не можат да контролираат како родителите им дозволуваат на своите деца да користат уреди дома, потврдува новата студија.

Повеќе