Децата плаќаат висока цена за половина час родителски мир
Истражувачите на „синдромот на време пред екранот“, со скенирање на мозокот, откриваат сериозни абнормалности во неговата структура и активностите кај децата изложени на ефектите од екраните: сива атрофија на мозокот, нарушен интегритет на белата маса, намалена дебелина на церебралниот кортекс, ослабени когнитивни способности.
Бугарката Ива Александрова, логопед и автор на книгата „Паметно бебе“, во еден дел пишува и за своето искуство од работата со тригодишно дете кое на никаков начин не комуницирало со луѓето околу него.
.„Неодамна работев со тригодишно дете кое на никаков начин не комуницираше со луѓето околу неа и не реагираше на говорот. Кога ја доведоа и го имавме првиот разговор, загрижените родители не ме известија за никакви специфичности во врска со нејзиното воспитување и развој. Откако ги направивме сите потребни медицински тестови, се покажа дека детето нема никакви физиолошки проблеми, а неврологот препорача да направиме и тест за аутизам. Размислував и да ги испратам на детски психијатар.
И тогаш се случи чудо – при една од следните посети на детето, во собата до нас започнаа часови по англиски јазик, а кога ги слушна првите звуци на детска англиска песна, детето живна, почна да плеска со рацете и да изразува радост. Почнав да зборувам со неа на англиски и се покажа дека детето одлично ме разбира. Но, не го знаеше својот мајчин јазик.
Тогаш стана јасно – детето го одгледувала Бејби Телевизија. Секој ден. Нејзината мајка не мислеше дека е важно да сподели со мене дека нејзиното дете поминува часови пред телевизор. Кога им кажав дека мора да ги исклучат сите уреди, тие ме погледнаа ужаснато и ми рекоа: „Но, тогаш таа се лути и плаче долго и без да престане!“
Во текот на првата година од животот на детето, она што детето го гледа станува многу поважно од она што го слуша. Доколку му понудите „подвижни слики“ во овој исклучително чувствителен период, треба да имате на ум дека тие се голем стимуланс за неговиот мозок – за жал, негативен.
24 сликички во секунда. Тоа значи 24 трепкања во секунда. За десетминутна видео снимка, ова создава 14.400 блесоци. Ако му дозволите на детето да гледа половина час – 43.200 импулси.
Детскиот мозок не може да ја обработи оваа количина на информации.
Истражувачите на „синдромот на време пред екранот“, со скенирање на мозокот, откриваат сериозни абнормалности во неговата структура и активностите кај децата изложени на ефектите од екраните: сива атрофија на мозокот, нарушен интегритет на белата маса, намалена дебелина на церебралниот кортекс, ослабени когнитивни способности.
Овие податоци значат дека изложувањето на децата на екрани, вклучувајќи телевизија, игри и музички видеа, ги нарушува сите аспекти на детскиот развој. И тоа е многу висока цена за половина час родителски мир…
Децата се раѓаат со способност да препознаваат емоции. И кога двегодишно дете ќе види како Том го удира Џери, кога ќе ја види Маша како ја растурила куќата на медо, мисли дека е во ред, дека е нормално. На нашите деца им испраќаме агресивни одлуки наместо хуманост, комуникација, споделување, единство“.
Од книгата „Паметно бебе“, Ива Александрова, логопед и автор.