Дрога, рани сексуални односи, бременост, порнографија…Родителите ги споделија тајните што нивните тинејџери ги криеле од нив

Некогаш ни е симпатично, некогаш ни е мило што дознаваме некои работи, па барем можеме да направиме нешто скришум, а понекогаш тие тајни… стануваат наши мали кошмари.

167


Знаеме дека децата мора да имаат своите тајни и тоа е сосема во ред.

Сепак, како и за сè и тука мора да има граници зад кои не треба да се оди, а тие се особено важни во тинејџерските години.

Сите имавме тајни. Ги имавме како деца, ги имаме како возрасни, а можеби најдобро чуваните и најважни за сите нас беа оние во тинејџерските години.

Понекогаш како родители сметаме дека би било добро некои од тие тајни да ги знаеме – само да ги знаеме, за толку за да не мора да се грижиме.

Некогаш ни е симпатично, некогаш ни е мило што дознаваме некои работи, па барем можеме да направиме нешто скришум, а понекогаш тие тајни… стануваат наши мали кошмари.

На форумите BuzzFeed и Reddit, родителите беа прашани кои се тие тајни што тие ги откриле, а нивните деца ги криеле од нив.

Некои од одговорите кои се споделени на Huffpost се прилично шокантни.

Еве што раскажаа родителите…

Сексуална активност и генитален херпес на 15 години

Мојата ќерка има 15 години и веќе е многу сексуално активна. Ја однесовме во болница и откривме дека има генитален херпес.

Таа рече дека веројатно го добила од валкана тоалетна хартија на кампување.

Не ѝ поверував, но ѝ кажав дека ѝ верувам.

Затоа и го земав телефонот пред неколку дена (беше под казна поради нешто друго).

Прочитав неколку пораки меѓу неа и некој пријател.

Зборуваа за пребројување на телата.

Не знаев што значи тоа, па побарав на Google. Значи, мојата ќерка спиела со седум момчиња и од едно од нив добила херпес.

На 15 години, се дрогира со најдобриот пријател

Мојот син (15) и неговиот најдобар пријател од детството (15) се дрогираат заедно.

Вчера ме праша дали неговиот пријател може да дојде оваа недела и да играат GTA, игра за која досега не покажал интерес.

Реков дека ќе размислам за тоа.

Утрово му го зедов телефонот и го шпионирав.

Секако, има порака за пријател со прашање дали може да дојде оваа недела, бидејќи има „куш (вид на дрога) и апчиња, а мама работи од 9 до 6 секој ден“.

Ова не е нашето прво родео со дрогата, но апчињата се загрижувачки.

Јас сум прилично под стрес денес и се обидувам да дознаам како да се справам со ова.

Женска долна облека во собата на синот

Мојот син (13) е многу искрен со мене, па никогаш не почувствував желба да го шпионирам.

Во текот на летото го барав своето метро и се сетив дека го замолив да го измери просторот над неговото биро за полиците.

Отидов во неговата соба (тој беше во камп) за да го побарам метрото кое беше зад масата.

Морав да ја тргнам масата подалеку од ѕидот и случајно ја превртев кутијата.

Во кутијата имаше женска долна облека – испрана и неиспрана.

Решив да разговарам со него за тоа.

Откривме дека алиштата и припаѓаат на мајката на неговиот пријател – од корпата за перење или од фиока. Долго разговаравме, тој плачеше и сè што можевме да направиме е да се надеваме дека нема да тргне по погрешен пат…

Прибор за дрогирање

Вчера најдов прибор за дрогирање во спалната соба на мојата 16-годишна ќерка додека ѝ го местев креветот.

Срцето ми е скршено и не сум сигурна како да ѝ пријдам на ситуацијата.

Прилично сум сигурна дека е тоа мет. Овој проблем го имавме во текот на нашата семејна историја.

Мокри во корпа за отпадоци наместо во тоалетната шолја

Мојата сопруга пред некој ден го празнеше ѓубрето во бањата и забележа дека малку мириса.

Ја исчистив кофата и ја испрскав со средство за дезинфекција со цитрус.

Следната недела истиот мирис се почувствува веднаш штом влеговме во бањата.

Тогаш во корпата најдовме голема количина килибарна течност со непријатен мирис.

Тоа беше стара урина. Единствен осомничен беше мојот син.

Го демневме во првата прилика, бидејќи бевме многу загрижени.

Упаднавме во бањата и го најдовме како моча во корпата за отпадоци.

Тој беше засрамен, но не можеше да ни каже зошто го прави тоа.

Долго разговаравме и му објаснивме дека може така да мокри надвор, но дека дома мора да мокри во тоалет.

Депресивен тринаесетгодишник

Мојот 13-годишен син е депресивен. Тоа го дознавме кога му нававивме нов телефон.

Бидејќи стариот сè уште беше пријавен на неговите профили, на екранот се појавија некои пораки. Тоа беа разговори со неговата девојка, за која не ни знаевме дека ја има, за тоа како бил во депресија повеќе од една година.

Сега одвреме-навреме го отворам стариот телефон за да ја следам неговата психичка состојба.

Не ми е гајле за порно или трева или што и да е – само сакам да се уверам дека е добро.

Несакана бременост

Во март мојата 15-годишна ќерка почна да се однесува чудно. Се прејадуваше и постојано носеше големи спортски панталони додека еден ден не ја одведов на лекар на преглед.

И тогаш лекарите ми кажаа дека е бремена во шестиот месец.

Занемев.

Скуби-Ду порнографија

Еден викенд, јас и жена ми се одмараме во кревет и гледаме глупости на ТВ, кога нашиот најмлад син (11) влегува и вели дека неговиот најстар брат (13) гледа порнографија на таблетот.

Го прашавме најстариот син, тој негираше и негираше, па му рековме да ми го донесе таблетот.

Тој не ја научил целосно уметноста на анонимно прелистување или бришење историја.

Гледајќи ја неговата историја, сфативме дека гледа порнографија.

Но, не било каква порнографија. Некои аниме работи, некои безобразни работи за возрасни.

Но, вистинскиот удар беше Скуби-Ду порнографијата.

    Повеќе