Две третини од дневниот калориски внес на децата доаѓа од еден вид храна

Во новото истражување спроведено од Универзитетот во Кембриџ и Универзитетот во Бристол, експертите ги анализирале четиридневните дневници на исхрана на речиси 3.000 деца на возраст од 11 до 18 години.

789


Новото истражување покажува дека две третини од калориите што ги внесуваат децата доаѓаат од ултра-обработена храна. Таква храна најчесто ја консумираат децата од белата раса и оние од сиромашни средини.

Ултра-обработената храна вклучува производи како што се сладолед, преработено месо, чипс, леб, колачи, житарки за појадок, кекси и и газирани пијалаци.

Често содржи адитиви, конзерванси, емулгатори, вештачки бои и ароми.

Во новото истражување спроведено од Универзитетот во Кембриџ и Универзитетот во Бристол, експертите ги анализирале четиридневните дневници на исхрана на речиси 3.000 деца на возраст од 11 до 18 години.

Што покажале резултатите?

Студијата покажала дека типичната потрошувачка на ултра-обработена храна била 861 грам дневно, што е еднакво на 66% од дневниот внес на енергија, пренесува Wales Online.

Интересно, студијата исто така покажаla дека внесот на ултра-обработена храна паднал од 67,7% на 62,8% од вкупниот внес на енергија помеѓу 2008 и 2019 година.

Истражувачите сугерираат дека ова може да се должи на зголемените здравствени кампањи кои ги охрабруваат луѓето да го намалат внесот на шеќер или маснa храна.

Британската влада воведе и данок на шеќер, што резултираlo со намалена количина на шеќер во пијалaците.

Ултра-обработената храна доминира во исхраната на адолесцентите

„На моделите на исхрана кај адолесцентите влијаат многу фактори, вклучувајќи ја нивната домашна средина, маркетингот на кој се изложени и влијанието на нивните пријатели и врсници“, вели д-р Јанаина Чавез-Угалде од Универзитетот во Кембриџ, една од авторите на студијата.

„Нашите наоди јасно покажуваат дека ултра-обработената храна доминира во исхраната на адолесцентите, а нивната консумација е далеку поголема од идеалната, земајќи ги предвид нивните потенцијални негативни влијанија врз здравјето“, додава таа.

Д-р Естер ван Слујс, друг истражувач од Кембриџ, коментира: „Ултра-обработената храна често е поевтино решение за семејства со ограничено време и приход, но за жал, многу од овие намирници имаат и ниска хранлива вредност“.

Истражувањето е објавено во European Journal of Nutrition.

Повеќе